Corner Соопштенија

“Гледај со срцето, прифати ја различноста” 23 Јуни 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја започнува кампањата “Гледај со срцето, прифати ја различноста” посветена на лицата со посебни потреби и нивните можности и таленти. Видеото e работено по сценарио подготвено од страна на две студентки од Институтот по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје и ги прикажува талентите и можностите на неколку студенти со различни попречености и различности, преку нивното активно учество во спортскиот, општествениот и културниот живот. 

Целта на кампањата е покренување на свеста во општеството за способностите што ги имаат лицата со попреченост и нивно мотивирање за активно учество во општествените случувања.

Во продолжение можете да ги најдете видеaтa на македонски и албански јазик. 



Кампањата можете да ја следите и на нашата фејсбук страна:

https://www.facebook.com/MacedonianHelsinkiCommittee/

Видеото беше претставено на јавниот настан „Вечер на таленти”на кој поголем број на лица со посебни потреби читаа поезија, свиреа, пееја и цртаа. Фотографиите од одржаниот настан можете да ги видите на следниот линк:

https://www.facebook.com/pg/MacedonianHelsinkiCommittee/photos/?tab=album&album_id=10155826095941111

Видеото е изработено од старна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите”, поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo