Corner Соопштенија

"Вечер на таленти" како дел од кампањата "Гледај со срцето, прифати ја различноста" 22 Јуни 2017

Вечерва, 22 јуни (четврток), со почеток во 19:00 часот во Јавна соба (Public room) како дел од кампањата “Гледај со срцето, прифати ја различноста” на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, ќе се одржи настанот “Вечер на таленти” на кој ќе биде претставено видеото работено по сценарио подготвено од страна на две студентки од Институтот по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, Марија Михајловска и Ангела Николовска. Видеото ги прикажува талентите и можностите на неколку студенти со различни попречености и различности, преку нивното активно учество во спортскиот, општествениот и културниот живот. 

Покрај промоцијата на видеото, во вториот дел од настанот учество ќе земат неколку исклучителни млади луѓе со физичка и интелектуална попреченост, кои за присутните ќе читаат поезија, ќе изработуваат накит, ќе сликаат и ќе имаат музички перформанс.

Целта на настанот е покренување на свеста во општеството за способностите што ги имаат лицата со попреченост и нивно мотивирање за активно учество во општествениот и културниот живот. Настанот е во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите”, поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo