Corner Соопштенија

Повик за изработка кост бенефит анализа 09 Јуни 2017

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот "Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и диверзитет" со поддршка од Британската амбасада во Скопје објавува повик за изработка на кост-бенефит анализа за трошоците за рекатегоризација на децата Роми во специјалните училишта и специјалните паралелки во редовните училишта и менторирање на рекатегоризираните деца во образовниот процес. 

Општа цел на проектот е да се поддржи подобрувањето на политиките и праксите за социјална кохезија и диверзитет преку дебати за јавни политики поддржани со докази и воспоставување на стратешко судско застапување за пристапот до правда на ранливите групи.


Тема за анализата

Анализата треба да претставува холистичка, длабинска и систематична анализа на трошоците потребни за рекатегоризацијата на децата Роми во специјалните училишта и специјалните паралелки во редовните училишта и менторирање на рекатегоризираните деца во образовниот процес. Експертот/тимот во својата методологија ќе треба да го дефинира начинот на пресметување и утврдување на трошоците.  


Насоки за пријавување на повикот

Кандидатите на овој повик можат да се пријават како индивидуалци или како тим.


Кандидатите кои ќе аплицираат за изработка на кост-бенефит анализата треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

Завршено високо образование.

Искуство во подготовка (претходно спроведени) кост-бенефит анализи.

Искуство во подготовка (претходно спровдедени) методологии за истражувања/анализи.

Како предност ќе се смета искуство во работа со деца Роми и претходна подготовка на кост-бенефит анализа за деца Роми.


Работни задачи:

Изработка на методологија за кост– бенефит анализата.

Изработка на кост – бенефит анализата.

Презентација на кост – бенефит анализата.

Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.


Финансиски и експертски аранжман

За спроведување на анализата Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе му надомести на експертот/тимот бруто износ од 700,00 фунти во денарска противвредност, сметано по курсот во месецот на исплата на средствата од страна на донаторот.


Етички напомени

Експерот/тимот се обврзува коректно да ги наведуваат изворите на податоци во истражувањето. Во случаи на плагијаризам, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го раскине договорот со експертот/тимот и ќе бара поврат на средствата уплатени за истражувањето.


Спроведувањена активностите

Временска рамка:

20 јуни 2017 година                                         Избор на кандидатите и потпишување на договорите.

20 јуни 2017 година –    31 јули 2017 година Подготовка на анализата.

31 јули 2017 година                                         Презентирање на анализата на тимот на Хелсиншкиот  комитет за човекови права.



Документите за пријавување (предлог методологијата и CV-то) ве молиме да ги доставите на меил адресата helkom@mhc.org.mk најдоцна до 16 јуни 2017 година. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса како и телефонскиот број 02/3119-073.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo