Corner Соопштенија

КЗД утврди директна повеќекратна дискриминација во пристап до вработување 06 Јуни 2017

Комисијата за заштита од дискриминација на 19.05.2017 донесе мислење со кое утврди директна повеќекратна дискриминација, односно дискриминација врз повеќе од еден основ. Се работи за оглас за вработување објавен на ден 23.03.2017 година на веб страната kariera.mk од страна хотелот "Глам" во Скопје, во кој се бара "женска особа на возраст од 30 до 45 години за работа во кујна - сервирање појадок (шведска маса)". Постапувајќи по претставка на Хелсиншкиот комитет, Комисијата за заштита од дискриминација во конкретниот случај утвди директна повеќекратна дискриминација, бидејќи со ваквиот оглас се оневозможува пристап до работното место за мажите , со што е направена директна дискриминација врз основа на пол, но во исто време се оневозможува пристап до работното место за жените кои се помлади од 30 години и постари од 45 години, со што е направена директна дискриминација врз основа на возраст. При носењето на своето мислење Комисијата за заштита од дискриминација не се обратила до правното лице против кое е поднесена претставката, бидејќи како доволен факт и доказ е огласот за вработување, а заради природата на работното место, опишана во огласот, не може да се применат никакви исклучоци од дискриминација, односно огласот на може да се оправда заради неговата дискриминаторска содржина бидејќи дадениот опис на работното место не бара исклучување на одредена возрасна или полова група. Во своето мислење Комисијата му препорачува на хотелот "Глам" да го повлече објавениот оглас и истиот повторно да го објави без споменатите ограничивања врз основа на пол и возраст. 

Имајќи го предвид фактот дека многу огласи за вработување во себе содржат ограничувачки и дискриминаторски елементи, Хелсиншкиот комитет го поздравува ваквото мислење на Комисијата за заштита  од дискриминација и смета дека тоа треба да биде поттик и охрабрување за сите оние кои сметаат дека биле дискриминирани во пристапот до вработување, истото да го пријават во иднина. Дополнително упаќаме апел до Комисијата за заштита од дискриминација и во иднина да продолжи во оваа насока со цел во рамките на своите надлежности еднакво да ги заштитат сите граѓани во пристапот до вработување. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo