Corner Соопштенија

Оглас за вработување на правен(а) советник(чка)/ проектен(а) кординатор(ка) 26 Мај 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија објавува оглас за вработување за правен(а) советник(чка)/ проектен(а) кординатор(ка).

Опис и работни задачи:

·  Дава бесплатна правна помош и работи на индивидуални случаи на странки кои се обраќаат до МХК;

·  Пишува поднесоци, барања, ургенции, итн;

·  Набљудува судски постапки;

·  Подготвува анализи и истражувања поврзани со правната регулатива и за состојбите на човековите права и слободи;

·  Подготвува нацрт соопштенија за во јавност;

·  Придружува пред релевантни институции по барање на странки;

·  Учествува во изготвувањето на месечните и годишните извештаи за состојбата на човековите права и слободи

·  Учествува во подготовката на апликациии за предлог на проекти;

·  Го надгледува текот на имплементацијата на активностите на проектот;

·  Ги следи сите фактори кои може да влијаат во имплементацијата на проектот како промена на позитивносто законодавство, промена на политиките на определени институции и слично;

·  Ја организира и ја надгледува работата на програмските асистенти и останатите лица ангажирани во имплементацијата на проектот;

·  Ги подготвува дописите и соопштенијата до јавноста и превзема активности поврзани со медиуми и социјални мрежи а, во врска со проектот;

·  Одржува комуникација со донаторот и му стои на располагање за било какви информации во врска со имплементација на проектот;

·  Ги изготвува извештаите до донаторот на проектот.

Одговорности

·  Одговара за водење на предметите кои му се назначени;

·  Одговара за почитување на законските роковите определени во постапки, при давање на бесплатна правна помош;

·  Одговара за почитување на роковите за изготувување на месечните и годишните извештаи за состојбата на човековите права и слободи

·  Одговара за почитување на роковите наведени во проектот;

·  Одговара за имплементација на активностите од проектот;

·  Одговара за исполнувње на краткорочните и долгорочните цели на проектот;

·  Одговара за работата на проектните асистенти и другите лица ангажирани за исполнување на активностите од проектот;

·  Одговара за содржината и роковите на извештаите до донаторот на проектот.

Потребни квалификации:

·  Дипломиран/а правник/чка со завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”) или дипломиран правник со стекнати 300 кредити согласно ЕКТС;

·  Најмалку пет години работно искуство во областа на заштитата на човековите права (Пр. обезбедување на претходна правна помош, советување,информирање и работа со граѓани, граѓански активизам, едукација или истражување);

·  Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;

·  Компјутерски вештини;

·  Напредни организациски и комуникциски вештини.

Како предност ќе се смета:

·  Искуство во областите правосудство и кривична правда

·  работно искуство во областа на спроведување на проекти во граѓански организации како раководител/ка или координатор/ка;

·  завршени постдипломски студии;

·  Развиено чувство за работа со маргинализирани заедници.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивационо писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 06-ти јуни 2017 до 17:00 часот. При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најдоцна до 07-ми јуни, најквалификуваните кандидат/ки ќе бидат повикани на тестирање кое ќе се одржи на 08.06.2017 (четврток) во 18 часот. Тестирањето ќе се одвива по електронски пат. Кандидатите со најдобри резултати на тестирањето ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.

Договор за вработување :

Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на неопределено. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи. За работното место е предвидена почетна бруто плата од 53.674,00 денари месечно. Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83, Скопје.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo