Corner Соопштенија

Покана за прес: Истражување на јавното мислење - Правосудство, човекови права и борба против корупција 21 Април 2017

Во име на Мрежа 23+, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Институтот за европска политика имаат чест да Ве поканат на прес-конференција која ќе се одржи на 24 април 2017 година (понеделник) од 13:00 часот во ЕУ Инфо центарот во Скопје. Прес-конференцијата ќе биде посветена на наодите од истражување на јавното мислење од Поглавјето 23 на ЕУ – Правосудство, основни човекови права и борба против корупција.

За време на настанот ќе бидат презентирани искуствата, сознанијата и перцепциите на граѓаните за состојбите со правосудство, основните човекови права и борбата против корупција. Истражувањето дава одговор за познавањето на уставно загарантираните права и механизмите за нивна заштита и степенот на доверба на граѓаните во правосудниот систем. Истражувањето се осврнува и на ставот на граѓаните за реформите и подготвеноста на правосудниот систем за пристапување на Република Македонија кон Европската Унија, како и очекувања од можното пристапување.

П Р О Г Р А М А

13:00 – 13:10    Поздравен говор и воведно обраќање

Ирена Иванова, Делегација на ЕУ во Скопје, програмска раководителка

13:10 – 13:15  Цел и методологија на истражување

Илин Андреев, ГфК Скопје, истражувач

13:15 – 13:25  Правосудство и борба против корупцијата

Симонида Кацарска, Институт за европска политика, директорка

13:25 – 13:35  Основни човекови права

Уранија Пировска, Хелсиншки комитет, извршна директорка

13:35 – 14:00  Прашања и дискусија

Лице за контакт:   Сања Барлаковска, тел. 02 3119 073, sanja.barlakovska@mhc.org.mk

                                                                                                                                                                              

  Проектот го финансира Европската Унија       

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo