Corner Соопштенија

Повик за подготовка на анализа/истражување за жените од руралните средини 12 Април 2017

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот „Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и различности” објавува повик за изработка на анализа заснована на истражувачки прикази и документи за јавни политики, со препораки што ќе ја унапредат грижата за жените во рурарлните средини. Цел на проектот е да се поддржи развој на политики и пракса за социјална кохезија на ранливите групи и да се подобри пристапот до правда на ранливите групи.

Проектот ќе обезбеди факти и докази за состојбата со одредени ранливи групи и ќе придонесе кон покренување на јавната свест за пристапот до услуги за овие групи, придонесувајќи на тој начин кон подобрување на нивната социјална и правна заштита. Исто така, проектот ќе обезбеди правна помош за жртвите на дискриминација со цел да се подобри пристапот до правдата за ранливите групи.

Области кои треба да бидат опфатени со анализата на јавните политики

Анализата треба да претставува холистички, сеопфатен и систематичен осврт на регулативата и праксата, што ќе обезбеди податоци и докази од кои ќе произлезат конкретни препораки за подобрување на јавните политики за жените во руралните области:

Област:  Образование на жените од руралните средини.

· Анализа на националната и избрана меѓународната правна регулатива и нивната комплементарност.

· Пристап на жените од руралните средини до образовните институции и системот на образование

Област: Социјална заштита на жените од руралните средини

· Анализа на националната и меѓународната правна регулатива во областа на социјалната заштита, пристапот до вработување на жените од руралните средини и нивната комплементарност

· Мапирање и анализа на работните услови, почитувањето на работничките права на жените од руралните области од страна на работодавачите и функционирање на механизмите за заштита на работничките права на жените од руралните средини.

· Пристап на жените од руралните средини до институциите во системот на социјална заштита

Област: Здравствена заштита на жените од руралните средини

· Анализа на националната и меѓународната правна регулатива во областа на здравствената заштита на жените од руралните средини и нивната комплементарност

· Пристап на жените од руралните средини до здравствените институции.

Област: Малолетнички бракови

·  Анализа на националната и меѓународната правна регулатива која ги регулира малолетничките бракови и нивната комплементарност.

·  Мапирање на бројот на малолетнички бракови.

·  Анализа на причините кои доведуваат до склучување на малолетнички бракови.

·  Предлог мерки за спречување на малолетничките бракови.

Анализата треба да даде податоци и докази од кои ќе произлезат конкретни препораки за подобрување на јавните политики за жените од руралните средини и во однос на нивниот квалитет на живот – пристап кон услугите, јавен транспорт, културен живот, семејство. Една од алатките кои ќе се користат за собирање на податоци се и интервјуа и фокус групи со жени од рурани средини, граѓански организации кои работат со жени од рурални средини и државни институции.

Јавни дебати/конференции

Истражувачите ќе имаат обврска наодите од истражувањето и документите за јавните политики поддржани со докази да ги презентираат на јавни дебати/конференции организирани од страна Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Насоки за формирање на тимовите

Право да учествуваат на овој повик имаат тимови на организации и/или индивидуалци, кои мора да бидат составени од 4 членови – 1 главен експерт и 3 истражувачи.

Кандидатите за позицијата главен експерт треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

- Завршено високо образование

- Работно искуство во областа на недискриминација, маргинализирани групи, жени од рурални средини, социјална инклузија и кохезија.

- Познавање на меѓународните стандарди за недискриминација, маргинализирани групи, жени од рурални средини, социјална инклузија и кохезија.

- Работно искуство од најмалку 5 години во подготовка на методологии за истражувања/анализи.

- Работно искуство од најмалку 5 години во спроведување на истражувања/анализи.

Работни задачи:

- Изработка на методологија за истражувањето/анализата.

- Изработка на прашалници за фокус групите.

- Спроведување на фокус групите. - Одржување на состаноци со државни институции.

- Обработка на податоци. - Истражување на домашната и меѓународната правна регулатива.

- Подготовка на истражувањето/анализата.

- Презентација на истражувањето/анализата на јавни дебати.

- Комуникација со истражувачите и државните институции.

- Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Кандидатите за позицијата истражувач треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

- Завршено високо образование.

- Учество во изработка на анализи.

- Искуство во спорведување на фокус групи.

- Искуство во изготвување на студии на случаи за ранливи и маргинализирани групи.

Како предност ќе се смета работно искуство во областа на недискриминација, маргинализирани групи, жени од рурални средини, социјална инклузија и кохезија и директен контакт со жени од рурални средини.

Работни задачи:

 - Подготовка на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 - Спроведување интервјуира со жени од рурални средини

- Спроведување интервјуа на граѓански организации кои директно работат со жени од рурални средини.

 - Организирање и спроведување фокус групи.

 - Собирање на податоците од фокус групите и интервјуата.

- Комуникација со главниот експертот кој ќе го подготвува истражувањето/анализата.

- Подготовка на студии на случаи

- Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Поттикнуваме формирање на тимови од различни организации. При предложување на тимовите се очекува јасно дефинирање на нивните улоги при подготовка на истражувањето и документите за јавна политика, како и нивно презентирање во јавноста.

Етички напомени

Истражувачите се обврзуваат коректно да ги наведуваат изворите на податоци во истражувањето. Во случаи на плагијаризам, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ги раскине склучените договори и ќе бара поврат на средствата уплатени за истражувањето. Спроведување на активностите.

За спроведување на активностите од овој повик се предвидени надоместоци во вкупен износ од 9.300,00 фунти во денарска противвредност, сметано по курсот во месецот на исплата на средствата од страна на донаторот. Исплаќањето ќе се врши во квартални периоди, од кои последниот е по завршувањето на финалната анализа. Останатите активности поврзани со спроведувањето на анализата (патни трошоци за интервјуа, фокус групи итн.) ќе бидат надоместени од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Финалната анализа треба да биде изготвена до 30.11.2017 година.

Предлог временска рамка на активностите во проектот:

21 април 2017 година - избор на кандидатите и потпишување на договорите.

21 април 2017 - јуни 2017 година: Спроведување интрвјуа со жени од рурални средини, граѓански организации кои работат со лица со жени од рурални средини и државни институции. 

Јуни 2017 – Август2017: Спроведување на 4 фокус групи

Август  2017 –  Ноември 2017: Изработка на анализата и доставување на финалниот производ до МХК 

Ноември 2017 година: Учество на конференции/јавни дебати за презентирање на истражувањето.

Хелсиншкиот комитет со истражувачите/организациите ќе потпише договор во кој ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски. Исплатата на надоместоците ќе се врши директно на ангажираните лица.

Начин на пријавување и избор

За пријавување за учество тимовите треба да достават:

- професионална биографија со вклучени референци за претходни истражувања на сите членови на тимот со јасно дефинирани улоги согласно точка 4 од овој повик

- предлог на методологија за спроведување на истражувањето и подготовка на документите за јавни политики - предлог на акционен план

- предлог за изменета временска рамка за спроведување на истражувањето која нема да го надминува крајниот рок за поднесување на конечниот извештај.

Документите за пријавување (CV-ја и предлог методологија) ве молиме да ги доставите на е-маил адресата helkom@mhc.org.mk најдоцна до 20 април 2017 година. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса, како и телефонскиот број 02/3119-073.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo