Corner Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК: Грантови и тренинг за зајакнување на капацитетите на НВО што обезбедуваат помош за мигранти 21 Март 2017

Целта на програмата е да се подобри ефикасноста на работата на 20 здруженија на граѓани кои што обезбедуваат помош на мигрантите од причина што, работејќи директно со нив, здруженијата се во одлична состојба да идентификуваат, документираат и независно да известуваат за повредите на човековите права и/или да помогнат при заштитата на правата. Капацитетите на здруженијата ќе се развиваат за да им овозможат компетентно справување со ситуации на повреди на човековите права на мигрантите, да забележат, регистрираат и известуваат за повреди, да обезбедат основни административна, правна и логистичка поддршка и да го користат Механизмот за брза реакција што ќе биде обезбеден од мрежата „Помош на рутата“ која ќе биде воспоставена од проектниот координатор и партнерите. Со цел да се олесни работата на 20 здруженија на граѓани, ќе биде обезбедена финансиска поддршка преку која ќе се обезбеди нивна одржливаст преку дополнување на нивните активности.

Ги покануваме здруженијата на граѓани да испраќаат апликации поврзани со различните аспекти од обезбедувањето на помош на мигрантите, бегалците и барателите на азил.

Повикот ќе биде отворен до 21 април 2017 и се однесува на здруженија на граѓани регистрирани во Македонија и Србија.

Повеќе информации во врска со условите за аплицирање на англиски јазик може да се прочитаат во Упатството за апликантите и неговите придружни анекси:

http://www.mhc.org.mk

http://www.divac.com

Организациите чии апликации се избрани на Повикот како успешни ќе земат учество во тренинг програма која е насочена кон зајакнување на капацитетите на 20 локални граѓански организации (15 во Србија и 5 во Македонија) кои работат на заштита на правата на мигрантите и бегалците преку 5 дневен тренинг и преку финансиска поддршка.

Повеќе информации за условите за аплицирање за грантот може да најдете во следните документи:

·  Упатство за Грантот и тренинг програмата 

·  Анекс 1 – Апликација 

·  Анекс 2 – Работен план 

·  Анекс 3 – Формулар за буџет 

Грантот и тренинг програмата – Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои обезбедуваат помош и заштита на правата на мигрантите- е поддржана од страна на Проектот „Помош на рутата – Заштита на правата на мигрантите кои поминуваат низ Македонија и Србија“ – број на повик 2015/370-487, финансиран од Европската Унија како дел од European Instrument for democracy and human rights (EIDHR, Глобален повик 2015). Проектот е во времетраење од 2 години (2016-2018) и е координиран од страна на Ана и Владе Дивац Фондацијата од Србија. Партнери на проектот се: Arbeiter-Samariter-Bund Deutschland – ASB, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ и Хуманитарен Центар Нови Сад, Србија. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo