Corner Соопштенија

Пoвик за изработка на кост-бенефит анализа 13 Март 2017

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот "Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и диверзитет" со поддршка од Британската амбасада во Скопје објавува повик за изработка на кост-бенефит анализа за трошоците за живот на деца со физичка попреченост во инвалидска количка.

Општа цел на проектот е да се поддржи подобрувањето на политиките и праксите за социјална кохезија и диверзитет преку дебати за јавни политики поддржани со докази и воспоставување на стратешко судско застапување за пристапот до правда на ранливите групи.

Тема за анализата

Анализата треба да претставува холистичка, длабинска и систематична анализа на месечните трошоци потребни за задоволување на животните потреби на децата со физичка попреченост кои се наоѓаат во инвалидски колички.

Насоки за пријавување на повикот

Кандидатите на овој повик можат да се пријават како индивидуалци или како тим (главен експерт и тематски експерти).

Кандидатите кои ќе аплицираат за изработка на крос-бенефит анализата треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

Завршено високо образование.

Искуство во подготовка (претходно спроведени) кост-бенефит анализи.

Искуство во подготовка (претходно спровдедени) методологии за истражувања/анализи.

Како предност ќе се смета искуство во работа со лица со физичка попреченост и претходна подготовка на крос-бенефит анализа за лица со физичка попреченост.

Работни задачи:

Изработка на методологија за кост– бенефит анализата.

Изработка на кост – бенефит анализата.

Презентација на кост – бенефит анализата.

Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Финансиски и експертски аранжман

За спроведување на анализата Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе му надомести на експертот/тимот бруто износ од 700,00 фунти во денарска противвредност, сметано по курсот во месецот на исплата на средствата од страна на донаторот.

Етички напомени

Експерот/тимот се обврзува коректно да ги наведуваат изворите на податоци во истражувањето. Во случаи на плагијаризам, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го раскине договорот со експертот/тимот и ќе бара поврат на средствата уплатени за истражувањето.

Спроведувањена активностите

Временска рамка:

20 март 2017 година

Избор на кандидатите и потпишување на договорите.

20 март 2017 година – 20 април 2017 година

Подготовка на анализата.

24 април 2017 година

Презентирање на анализата на тимот на Хелсиншкиот  комитет за човекови права.

Документите за пријавување (предлог методологијата и CV-то) ве молиме да ги доставите на меил адресата igor.jadrovski@mhc.org.mkнајдоцна до 15 март 2017 година. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса како и телефонскиот број 02/3119-073.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo