Corner Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК: Набавка на услуги од агенција за односи со јавност 28 Февруари 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во рамките на проектот „ПОМОШ НА РУТАТА – Поттикнување на заштитата на човековите права на мигрантите што поминуваат низ Македонија и Србија“,  објавува јавен повик за услуги од агенција за односи со јавност.

Главната цел на овој ангажман е насочување кон населението во општините и градовите низ кои мигрантите престојуваат или поминуваат со цел промовирање на толеранција кон нив, предупредување за криминалната природа на насилните акти врз мигрантите и повредата на нивите човекови права, потсетување на општата јавност за правно-обврзувачките меѓународни стандарди и претставување на индивидуални случаи за повредите на човековите права на мигрантите. Споредна цел на ангажманот е се придонесе кон подобра видливост на мрежата „ПОМОШ НА РУТАТА“ во Македонија и подобра видливост на нејзините организации членки.

Избраната агенција за односи со јавност ќе треба да подготви стратегија за односи со јавност, да подготви, испечати и дистрибуира соопштенија за јавност, да изработи брендирани материјали, да организира настани со претставници на медиумите, да организира интервјуа во локалните медиуми, да изработи видео материјали, да ги промовира активностите и резултатите од проектот на Фејсбук, да допре до голем број на членови на Фејсбук итн. (дел услугите се квантифицирани во документот „Опис на задачи“ приложен подолу).

Во продолжение може да ги прочитате условите, упатствата и обрасците за пријавување на повикот на англиски јазик.

А. Информативни документи

I. Јавен повик 

II. Упатство за понудувачите 

III. Опис на задачи 

IV. Општи услови на ЕУ за договори за услуги 

V. Нацрт на договор и посебни услови 

VI. Табела за административна подобност 

VII.Табела за евалуација на понудата 

B. Документи што треба да се достават со понудата

I. Образец за поднесување на понудата за услуги 

II. Организација и методологија (да се пополни во зададениот образец) 

III. Изјава за чесност  

IV. Образец за финансиска идентификација 

V. Образец за правното лице

Максималниот буџет за овој повик е 26,700 ЕУР

При подготовката на понудите, ги охрабруваме понудувачите да ја прочитаат посебната анализа на Хелсиншкиот комитет - Правата на бегалците: Национални и меѓународни стандарди наспроти состојбата на терен.

Понудите треба да се достават најдоцна до 14 часот на 31.03.2017 година, лично или преку препорачана пратка со повратница на следнава адреса:

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија 

ул. Наум Наумовски Борче бр. 83

1000, Скопје, Република Македонија

Како доказ за времето за прием ќе се користи моментот на прием на поштенската пратка или времето во кое понудата била лично доставена во нашата канцеларија.

За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање преку електронска пошта – helkom@mhc.org.mk, како и телефонскиот број 02/3119-073. 

За прашања и одговори поврзани со овој повик Хелсиншкиот комитет ќе организира отворен ден на 14.03.2017 година од 11 до 13 часот во нашата канцеларија. Пријавување е задолжително и ве молиме вашето присуство го најавите телефонски или преку електронска пошта.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal_normal_banner-stop-mk Normal_strategy_mk_photo