Corner Соопштенија

Одлука на Претседателот да не го довери мандатот на кандидат на партиите што имаат мнозинство во Собранието 01 Март 2017

Oдлуката на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да не го довери мандатот на кандидатот на партиите што имаат мнозинство во Собранието, претставува директно кршење на Уставот на РМ и е пречекорување на неговите уставни овластувања, а спротивно на волјата на граѓаните. Оваа одлука истовремено е директно негирање на волјата на мнозинството граѓани за формирање мнозинска политичка влада, со 67 мандати во Собранието.

Во својот говор Претседателот не даде ниту еден уставно-правен аргумент за ваквата одлука. Напротив, обраќајќи се единствено на дел од  македонскиот народ поддржувачи на ДПМНЕ и исклучувајќи ги сите други граѓани, припадници на  малцински етнички заедници во државата, говореше за фиктивна повреда на унитарноста и суверенитетот на државата, за заговори од странски држави и ја повика меѓународната заедница на  воздржување од наводно, како тој видел - мешање во внатрешните работи на Македонија.

Хелсиншкиот комитет изразува загриженост дека  со овој свој гест Претседателот има намера да ја продлабочи политичката криза во државата,  додавајки и безбедносна и интеретничка опасна димензија. Тоа би можело да произведе ситуација на темелна загрозеност на човековите права на сите граѓани во Македонија во ситуација на длабока политичка и безбедносна криза. 

Од тие причини, Хелсиншкиот комитет повикува на отповикување на оваа одлука на Претседателот, сè со цел за брз излез од политичката криза и влез во тешкиот реформски период кој и претстои на Македонија. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo