Corner Соопштенија

Повик за пријавување за подготовка на анализа/докумнти за јавна политика за правата на Ромите 20 Јануари 2017

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот “Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и различности” објавува повик за изработка на анализа заснована на истражувачки прикази и документи за јавни политики, со препораки што ќе ја унапредат грижата за Ромите.

Цел на проектот е да се поддржи развој на политики и пракса за социјална кохезија на ранливите групи и да се подобри пристапот до правда на ранливите групи. Проектот ќе обезбеди факти и докази за состојбата со одредени ранливи групи и ќе придонесе кон покренување на јавната свест за пристапот до услуги за овие  групи, придонесувајќи на тој начин кон подобрување на нивната социјална и правна заштита. Исто така, проектот ќе обезбеди правна помош за жртвите на дискриминација со цел да се подобри пристапот до правда на ранливите групи.

Области кои треба да бидат опфатени со анализата на јавните политики

Анализата треба да претставува холистички, сеопфатен и систематичен осврт на регулативата и праксата, што ќе обезбеди податоци и докази од кои ќе произлезат конкретни препораки за подобрување на јавните политики за Ромите во следните области:

ОбластОбразование

·  Анализа на националната и избрана меѓународната правна регулатива и нивната комплементарност

·  Пристап на Ромите до образовните институции и системот на образование

ОбластСоцијална заштита

·  Анализа на националната и меѓународната правна регулатива во областа на социјалната заштита, пристапот до вработување на Ромите и нивната комплементарност

·  Мапирање и анализа на работата на социјалните права и услуги

·  Пристап на Ромите до вработување и домување

Област:  Здравствена заштита

·  Анализа на националната и меѓународната правна регулатива во областа на здравствената заштита на Ромите и нивната комплементарност

·  Пристап на Ромите до здравствените услуги

Анализата треба да даде податоци и докази од кои ќе произлезат конкретни препораки за подобрување на јавните политики за Ромите и во однос на нивниот квалитет на живот – пристап кон услугите, јавен транспорт, културен живот, семејство, домување.

Една од алатките кои се користат за собирање на податоци се и интервјуа и фокус групи со лица од ромската етничка заедница, граѓански организации кои работат со Роми и државни институции.

Јавни дебати/конференции

Истражувачите ќе имаат обврска наодите од истражувањето и документите за јавните политики поддржани со докази да ги презентираат на јавни дебати/конференции организирани од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Насоки за формирање на тимовите

Право да учествуваат на овој повик имаат тимови на организации и/или индивидуалци, кои мора да бидат составени од 4 членови – 1 главен експерт и 3 истражувачи.

Кандидатите за позицијата главен експерт треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

-  Завршено високо образование.

-  Работно искуство во областа на недискриминација, маргинализирани групи, лица од ромската етничка заедница, социјална инклузија и кохезија.

-  Познавање на меѓународните стандарди за недискриминација, маргинализирани групи, лица од ромската етничка заедница, социјална инклузија и кохезија.

-  Работно искуство од најмалку 5 години во подготовка на методологии за истражувања/анализи.

-  Работно искуство од најмалку 5 години во спроведување на истражувања/анализи.

Работни задачи:

-  Изработка на методологија за истражувањето/анализата.

-  Изработка на прашалници за фокус групите.

-  Спроведување на фокус групите.

-  Одржување на состаноци со државни институции.

-  Обработка на податоци.

-  Истражување на домашната и меѓународната правна регулатива.

-  Подготовка на истражувањето/анализата.

-  Презентација на истражувањето/анализата на јавни дебати.

-  Комуникација со истражувачите и државните институции.

-  Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Кандидатите за позицијата истржувач треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

-  Завршено високо образование.

-  Учество во изработка на анализи.

-  Искуство во спроведување на фокус групи.

-  Искуство во изготвување на студии на случаи за ранливи и маргинализирани групи.

Како предност ќе се смета работно искуство во областа на недискриминацијата, маргинализирани групи, работа со лица од ромската етничка заедница, социјална инклузија и кохезија и директен контакт со лица од ромската етничка заедница.

Работни задачи: 

-  Подготовка на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

-  Спроведување интервјуа со лица од ранливи групи (лица од ромската етничка заедница).

-  Спроведување интервјуа на граѓански организации кои директно работат со лица од ромската етничка заедница.

-  Организирање и спроведување фокус групи.

-  Собирање на податоците од фокус групите и интервјуата.

-  Комуникација со главниот експерт кој ќе го подготвува истражувањето/анализата.

-  Подготовка на студии на случаи.

-  Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Поттикнуваме формирање на тимови од различни организации. При предложување на тимовите се очекува јасно дефинирање на нивните улоги при подготовка на истражувањето и документите за јавна политика, како и нивно презентирање во јавноста.

Етички напомени

Истражувачите се обврзуваат коректно да ги наведуваат изворите на податоците во истражувањето. Во случаи на плагијаризам, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ги раскине склучените договори и ќе бара поврат на средствата уплатени за истражувањето.

Спроведување на активностите

За спроведување на активностите од овој повик се предвидени надоместоци во вкупен бруто износ од 9.300,00 британски фунти во денарска противвредност по среден курс на фунтата за месецот во кој се врши плаќањето. Останатите активности поврзани со спроведувањето на анализата (патни трошоци за интервјуа, фокус групи итн.) ќе бидат надоместени од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Финалната анализа треба да биде изготвена до 30.09.2017 година.

Предлог временска рамка на активностите во проектот:

01 февруари 2017 година

 Потпишување на договорите и финализирање на методологија, временска рамка, водичи за фокус групи и интервјуа, барања за информации од јавен карактер

Февруари 2017 -  Април 2017 година

Спроведување интрвјуа со лица од ромската етничка заедница, граѓански организации кои работат со лица од ромската етничка заедница и државни институции.

Март 2017 – Април 2017

Спроведување на 4 фокус групи

Февруари 2017 – 30 Септември 2017 

Изработка на анализата и доставување на финалниот производ до МХК

Октомври 2017 година

Учество на конференции/јавни дебати за презентирање на истражувањето.

Хелсиншкиот комитет со истражувачите/организациите ќе потпише договор во кој ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски. Исплатата на надоместоците ќе се врши директно на ангажираните лица.

Начин на пријавување и избор

За пријавување за учество тимовите треба да достават:

-  професионална биографија со вклучени референци за претходни истражувања на сите членови на тимот со јасно дефинирани улоги согласно точка 4 од овој повик

-  предлог на методологија за спроведување на анализата и подготовка на документите за јавни политики

-  предлог на акционен план

-  предлог за изменета временска рамка за спроведување на истражувањето која нема да го надминува крајниот рок за поднесување на конечниот продукт

Документите за пријавување ве молиме да ги доставите на е-маил адресата helkom@mhc.org.mkнајдоцна до 29 Јануари 2017 година. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса и е-маил адресата neda.calovska@mhc.org.mk, како и телефонските броеви +389 2/3119-073 и +389 77 699 411. Изборот на авторите ќе се врши врз основа на искуството, понудената методологија и акционен план од страна на кандидатите.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo