Corner Соопштенија

Повик за подготовка на видео-игри 04 Ноември 2016

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот “Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и различности” објавува повик за подготовка на 2 (две) видео игри за недискриминација за млади на возраст од 10 до 15 години со цел подигање на свеста кај младите за проблемите на лицата со попреченост и за подигање на свеста за етничките различности кај и толеранцијата.

Цел на проектот е да се поддржи развој на политики и пракса за социјална кохезија на ранливите групи и да се подобри пристапот до правда на ранливите групи. Проектот ќе обезбеди факти и докази за состојбата со одредени ранливи групи и ќе придонесе кон покренување на јавната свест за пристапот до услуги за овие  групи, придонесувајќи на тој начин кон подобрување на нивната социјална и правна заштита. Исто така, проектот ќе обезбеди правна помош за жртвите на дискриминација со цел да се подобри пристапот до правда на ранливите групи.

Видео игрите кои се дел од активностите од проектот треба да послужат како алатки за подигање на општествената свест кај младите, но и за превенција од дискриминација. Повикот се однесува на подготовка на 2 (две) видео игри од кои:

• Една видео игра која ќе биде достапна и како мобилна апликација, покрај компјутерската верзија. Оваа видео игра треба да биде од едукативен карактер за млади лица со содржина која ја подига свеста потрените на лицата со попреченост и проблемите со кои тие се соочуваат во секојдневниот живот во духот на недискриминацијата.

• Една видео игра која ќе биде достапна и како мобилна апликација, покрај компјутерската верзија. Оваа видео игра треба да биде од едукативен карактер за млади лица со содржина која ја подига свеста кај младите за етничките различности и потребата од толеранција во духот на недискриминацијата.

Насоки за учество

Право да учествуваат на овој повик имаат организации/компании и/или индивидуалци, кои можат да аплицираат одделно за подготовка на само една од видео игрите или за подготовка и на двете видео игри.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

- Работно искуство во подготовка на видео игри и мобилни апликации 

- Техничка подготвеност за изработка на видео игрите и мобилните апликации 

- Претходна подготовка на видео игри и мобилни апликации од недискриминирачки карактер ќе се смета за предност.

Работни задачи: 

- Подготовка на сценарио за видео играта/игрите

- Подготовка на видео играта/ите во двете верзии во предвидениот рок

- Тестирање на видео играта/ите во двете верзии (мобилна апликација и комјутерски формат)

- Презентација и демонстрација на видео игрите и мобилните апликации

- Одржување на состаноци и комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права

- Креирање на видео игрите во комуникација и по насоки на проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права

Хелсиншкиот комитет за човекови права поттикнува соработка на компании и индивидуалци 

Етички напомени 

Во случаи на плагијаризам, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ги раскине склучените договори и ќе бара поврат на средствата уплатени за изработката на видео играта/ите во двата формати. 

Спроведување на активностите

За спроведување на активностите од овој повик предвидено е кандидатите да достават финансиска понуда која ќе ги вклучува сите трошоци поврзани со изработката и презентација на видео играта/ите во двата формати. Врз основа на доставените финансиски понуди како и врз основа на исполнувањето на критериумите од повикот, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе изврши избор на кандидат.

Видео играта/ите во двете верзии треба да биде/ат изготвени до 20.02.2017 година.

Хелсиншкиот комитет со избраниот/ите кандидат/и ќе потпише договор во кој ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски. Исплатата на надоместоците ќе се врши директно на ангажираните лица или организации/компании.

Начин на пријавување и избор

За пријавување за учество кандидатите треба да достават:

- професионална биографија со вклучени референци за претходно изработени видео игри и мобилни апликации (доколку се работи за индивидуалец),

- портфолио на организацијата/компанијата кое ја содржи целокупната работа поврзана со изработка на видео игри и мобилни апликации,

- финансиска понуда за изработка на видео играта/ите за кои кандидатот аплицира,

- предлог сценарио/концепт за видео играта за која се аплицира.

Документите за пријавување ве молиме да ги доставите на е-маил адресата helkom@mhc.org.mk најдоцна до 13 ноември 2016 година. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса и е-маил адресата neda.calovska@mhc.org.mk, како и телефонските броеви +389 2/3119-073 и +389 77 699 411. Изборот на авторите ќе се врши врз основа на искуството, предлогот на сценарио/концепт и финансиската понуда на кандидатите заклучно со 20.11.2016 година.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo