Corner Соопштенија

Говор на омраза- секојдневие кое не се казнува! 19 Август 2016

Говорот на омраза сè почесто го исполнува јавниот простор во Република Македонија. Граѓанитесе соочуваат со говор на омраза во медиумите, интернет просторот и секојдневниот живот. Дотолку пострашно, често пати ширењето на говор на омраза резултира со насилство и сторување дела од омраза. Поради тоа, борбата против говор на омраза е мулти-димензионална и се води на различни полиња. 

Недостатокот на судска пракса и игнорантниот однос на институциите кон овој феномен се само еден фактор кој придонесува кон постоењето на говорот на омраза во општеството. Друг фактор претставува отсуството на општествен дијалог за причините за говор на омраза и спроведувањето на едукативни и информативни програми кои ќе придонесат граѓаните да го препознаат и навремено пријават говорот наомраза.

Од тие причини, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија спроведе билборд кампања наменета за покренување на свеста на граѓаните за препознавањето и пријавувањето на говор на омраза, но истовремено и за потсетување на надлежните институции за нивната обврска за ефикасна заштита на жртвите на говор на омраза. Кампањата е дел од проектот „Борба против говор на омраза“ поддржан од Националниот фонд за демократија (National Endowment for Democracy, NED) и беше спроведена низ пет градови низ Република Македонија, во Тетово, Гостивар, Битола, Куманово и Скопје.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo