Corner Соопштенија

Покана и агенда за конференција: Унапредување на системот за одбрана по службена должност 28 Јуни 2016

Хелсиншкиот комитет има чест да ве покани на завршната конференција во рамките на регионалниот проект „Унапредување на заштитата на правата на обвинетите во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија и Албанија“,координиран од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Српска, со поддршка на Канцеларијата на Американската адвокатска комора во Скопје. Конференцијата ќе се одржи на 30 јуни 2016 година (четврток), во Хотел „Арка“ во Скопје, со почеток од 12:00 часот. Поканата и агендата можете да ги преземете на следниов ЛИНК 

Во рамки на проектот беше изготвена компаративна анализа на ниво на Западниот Балкан, во врска со правото на бесплатен бранител по службена должност кога обвинетиот е сиромашен, односно кога тоа го бараат интересите на правдата и задолжителна одбрана со бранител. Анализата на оваа тема за Република Македонија беше подготвена од претседателот на Хелсиншкиот комитет, проф. д-р. Гордан Калајџиев.

Хелсиншкиот комитет побара и доби информации од 26 основни судови ширум државата што се однесуваат на поставувањето на бранители по службена должност, можноста за избор на бранител од страна на обвинетите лица, бројот на ангажирани бранители во 2015 година, начинот и времетраењето на исплата на бранителите и проверка на нивната компетентност од страна на судовите. Од страна на Судскиот совет на РМ беа побарани и добиени податоци во врска со вкупниот износ на неподмирени обврски на судовите за ангажирани бранители.

За време на завршната конференција на која ќе учествуваат адвокати и претставници на граѓански здруженија и медиуми ќе бидат презентирани наодите и препораките од Анализата за почитувањето на правото на бранителво Република Македонија, одговорите на основните судови и Судскиот совет на РМ, видувањата и препораките што произлегоа од консултативниот состанок со адвокати и завршниот Документ за јавна политика.

На учесниците што не живеат или работат во Скопје ќе им бидат надоместени патните трошоци во висина на повратен билет за воз/автобус или 8 денари за поминат километар со сопствено возило. За учесниците со живеалиште/престојувалиште подалеку од 100км од Скопје ќе биде обезбедено едно ноќевање во хотел, од 29-ти до 30-ти јуни.

Лице за контакт и пријавување: Сања Барлаковска, тел. 02 3119 073, helkom@mhc.org.mk


А Г Е Н Д А

30 јуни 2016 година, Хотел Арка, Скопје

11:30 – 12:00 Пристигнување и регистрација на учесниците

Кафе

12:00 – 12:20 Поздравни говори

Елизабет Гивенс, програмска директорка, Американска адвокатска комора

Тамара Зрновиќ, координаторка на проектот, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Српска

12:20 – 12:40  Правото на одбрана по службена должност низ призмата на Адвокатската комора на РМ

Никола Додевски, претседател, Адвокатската комора на РМ

12:40 – 13:00 Презентација на Анализата за ефективноста на правната заштита на обвинетите во Република Македонија

проф. д-р Гордан Калајџиев, претседател, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

13:00 – 13:20 Презентација на податоците добиени од 26 основни судови во Република Македонија и Судскиот совет на РМ

д-р Воислав Стојановски, правен советник, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

13:20 – 13:30 Презентација на Документот за јавна политика

проф. д-р Гордан Калајџиев, претседател, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

13:30 – 14:30 Ефективноста на правната заштита на обвинетите низ призмата на адвокатите и граѓанските здруженија

Прашања и дискусија

14:30 – 15:00 Коктел

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo