Corner Соопштенија

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија се приклучи кон мрежата Пристап до правда 04 Мај 2016

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја известува јавноста дека се регистрираше како овластено здружение на граѓани  за обезбедување на бесплатна предходна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош. Со ова, се прошири мрежата на здруженија за давање на бесплатна претходна правна помош, која е дел од проектот Пристап до правда во Македонија. Хелсиншкиот комитет значително ќе придонесе кон поголемо доближување на бесплатната правна помош до граѓаните на Македонија. Целта на  проектот кој е координиран од ФООМ, а поддржан од Европската унија е да се унапреди и промовира правото на бесплатна правна помош и да се овозможи пристапот до правдата за граѓаните во државата,особено на оние кои што се наоѓаат во социјален ризик. 

Во изминатите четири месеци од спроведувањето на проектот “Пристап до правда”  овластените здруженија обезбедија бесплатна правна помош на над 250 граѓани ширум државата. Овој проект е од голема важност за здруженијата кои даваат бесплатна правна помош, од причина што овозможува да се исполнат строгите услови предвидени во Законот за бесплатна правна помош за здруженијата на граѓани. 

Во овој проект партнерски организации се, Национален ромски центар- Куманово, Младински културен центар- Битола, Ехо- Штип, Избор- Струмица и Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија.

Во канцелариите на Хелсиншки комитет  функционира и бесплатната СОС линија 0800 44 222 на која граѓаните можат да се јават секој работен ден од 09 до 17 часот, со цел да постават прашање или да добијат правна информација.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo