Corner Соопштенија

ОБСЕ - Повик за доставување на трудови: Кривични дела од омраза во Југоисточна Европа 19 Април 2016

Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, во соработка со Факултетот закриминалистика, криминологија и безбедносни студии при Универзитетот во Сараево, и во партнерство со Канцеларијата на ОБСЕ во Албанија, Мисијата на ОБСЕ во Црна Горна, Мисијата на ОБСЕ во Косово, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Србија, со задоволство објавува:

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ

на тема: кривични дела од омраза, кои ќе бидат презентирани на конференција со наслов: Кривични дела од омраза во Југоисточна Европа, а која ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина, на 8ми ноември 2016 година.

Негативните последици од кривичните дела од омраза често пати се потценуваат. Таквите дела не претставуваат закана само за физичката безбедност на поединците, кои се нивна мета, туку и за самата основа на општеството и кохезијата на секоја заедница. Кривичните дела мотивирани од омраза особено тешко ги погодуваат жртвите и испраќаат порака за исклучување и не-толеранција на целните групи на кои жртвите им припаѓаат. 

Кривичните дела од омраза во Југоисточна Европа имаат многу заеднички карактеристики и слични форми, поради што оваа конференција и има регионален карактер. На конференцијата ќе се соберат регионални експерти во оваа област со цел да ги разгледаат правните, но и социолошките аспекти на овие дела, како и со цел да поттикнат дискусија за добрите практики во решавањето на овој проблем. Особен акцент ќе биде ставен врз улогата на кривично - правниот систем. 

Повикот за доставување на трудови се однесува на следниве теми: 

 Одговорот на кривично – правниот систем за кривичните дела од омраза со особен акцент врз: елементите на кривичното дело од омраза и кривичното дело предизвикување на омраза; опфатените заштитни карактеристики; предрасудата како мотив за вршење на посериозна форма на кривично дело или како отежнителна околност; односот помеѓу кривичното дело од омраза и кривичното дело поттикнување на омраза; применување на прекршочни постапки за процесирање на кривичните дела од oмраза и поттикнување на омраза; прашања поврзани со казнувањето на кривичните дела од омраза и поттикнувањето на омраза; предизвици и добри практики во спроведување на истрага и собирање на докази за кривичните дела од омраза. 

 Социолошките аспекти на кривичните дела од омраза, со особен акцент врз: криминологија на кривичните дела од омраза и поттикнувањето на омраза; виктимологија на кривичните дела од омраза и поттикнувањето на омраза; односот помеѓу кривичните дела од омраза, радикализацијата и насилниот екстремизам; превенција на кривични дела од омраза.

Предност ќе им се даде на оние трудови кои ќе ги третираат овие прашања во контекст на најмалку една земја од Југоисточна Европа, а особено на компаративните трудови.  

Трудовите можат да бидат напишани на албански, босански, црногорски, англиски, хрватски, македонски или на српски јазик.

Нацрт трудовите и трудовите ќе се разгледуваат од страна на одбор на рецензенти. По завршувањето на конференцијата, Факултетот на криминалистика, криминологија и безбедносни студии при Универзитетот во Сараево ќе ги објави избраните трудови во Зборник на трудови на јазикот на кој се напишани, односно на службените јазици во Босна и Херцеговина, како и на англиски јазик.

Трошоците за учество на избраните автори на конференцијата ќе ги сноси ОБСЕ.

Рокови за доставување на нацрти и трудови:

8ми мај 2016 година Рок за доставување на нацрт трудови (најмногу 300 зборови)

8ми јуни 2016 година Известување за избраните нацрт трудови

15ти август 2016 година Рок за доставување на трудови (од 5.000 до 10.000 зборови)

30ти септември 2016 година Известување за избраните трудови

За сите дополнителни прашања, како и за доставување на нацрт трудови (проследени со Вашата биографија) Ве молиме обратете се на следнава е-адреса: SEEHateCrimesConference-BA@osce.org. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo