Corner Соопштенија

Повик за граѓански организации 25 Март 2016

Грантовата шема има вкупен фонд од 4.786.744 денари, додека пак максималниот износ по поединечен грант е 614.000 денари. Повикот е отворен за граѓански организации активни на локално и национално ниво, при што во грантовата шема ќе бидат вклучени најмалку 8 граѓански организации. Предлог-проектите треба да бидат во времетраење од 15 месеци.

Право на учество на повикот имаат граѓански организации кои:

- се регистрирани во Република Македонија како здруженија или форми на нивно здружување согласно Законот за здруженија и фондации;

- се основани најмалку една година пред датумот на објавување на овој повик;

- имаат спроведено активности во областа на демократијата и владеењето на правото (специфичен фокус на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права ќе се смета за предност);

- имаат организациски капацитет.

Како вкрстени прашања, посебно ќе се земат предвид: врската со локалната заедница, меѓуетничкиот пристап и пристапот на еднакви можности.

На повикот не можат да учествуваат организации кои се корисници на грант (beneficiary), од Делегацијата на Европската Унија, ниту како координатор, ниту како партнер, во рамките на Програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година (IPA CSF Civil Society and Media Programme 2014) - повик EuropeAid/136-992/DD/ACT/MK.

Повик за граѓански организации за учество во Мрежа 23 + [.pdf 565KB]

Прилог 1 - Образец за пријавување  [.doc 82KB]

Прилог 2 – Образец за буџет  [.lsx 18KB]

Линк: https://www.dropbox.com/sh/zqjgwb9osd5niz6/AADMhzjtJyhYNT5RiRHH4TDja?dl=0

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo