Corner Соопштенија

Одбележување на 18-ти декември, Меѓународен ден на мигрантите 18 Декември 2015

По повод Меѓународниот ден на работниците-мигранти и членовите на нивните семејства, граѓанските организации, левичарски движења, волонтери, хуманитарни организации и активисти од Република Македонија се приклучија кон основањето на транснационалното движење #STATEOFSOLIDARITY и одржаа мирен марш за реафирмирање на европските вредности на сите народи во Европа наречен „Мир, демократијата, социјална правда и достоинство за сите“.

На маршот од Владата до седиштето на ЕУ во Скопје, активистите повикаа на солидарност кон сите бегалци без селекција на економски и бегалци кои доаѓаат од кризните подрачја, како и промена на политиките на Македонија. Дополнително, беа доставени пораки и препораки до Владата на Република Македонија и до Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Програмата продолжува во ГЕМ клуб „Менада“ во Стара чаршија каде со почеток во 18 часот ќе има јавна дискусија на тема: Темната страна на Балканската рута: Има ли правна заштита за луѓето кои минуваат низ територијата на Република Македонија, а се или биле жртви на дела од омраза и криумчарење? Во вечерните часови ќе има јавна дискусија и прикажување на краток документарец направен од страна на луѓето кои минале, минуваат низ Република Македонија или веќе пристигнале до посакуваната дестинација во некоја од европските држави.

Сите они кои се заинтересирани да станат активни чинители во поддршката за развој на цивилизациските вредности на човештвото преку иницијативата #STATEOFSOLIDARITY, повеќе информации може да добиете на stateofsolidarity.net.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo