Corner Соопштенија

Оглас за правен/на советник/чка 14 Септември 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има потреба од правен советник/чка - проектен/на асистент/ка. Од избраниот кандидат/ка ќе се очекува да обавува правна работа како асистент/ка во правната служба на Комитетот. Работата на Комитетот е од областа на: набљудување и известување за состојбата со човековите права, набљудување на судски постапки, бесплатна правна помош, работа на случаи, преземање правни иницијативи, правни анализи, теренски истражувања, тренинзи, семинари и конференции. 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: 

-  дипломиран правник

-  познавања од областа на правосудсвото

-  познавање на албански и англиски јазик

-  познавање на работа со компјутер

Како предност ќе се смета:

- положен правосуден испит

- завршени постдипломски студии

- искуство како приправник/вработен во суд или кај адвокат

- искуство стекнато во невладина организација

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) на helkom@mhc.org.mk до  20 септември 2015 година. По завршување на огласот, Хелсиншкиот комитет ќе стапи во контакт со потесно селектираните кандидати кои ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo