Corner Соопштенија

Избрани учесници за Школа за млади и човекови права 2015 година 20 Август 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со Институтот за мир и човекови права од регионот Долна Нормандија, Франција на 24-ти август (вторник) започнува со одржување на летна школа за млади во чиј фокус ќе бидат слободата на изразување, информирање, дискриминација, говор и дела од омраза. Оваа Школа има мулти-етнички, мулти-национален и мулти-културен карактер. На Школата учество ќе земат 24 млади од Франција и Македонија. Изборот на учесниците беше извршен преку отворен повик во двете држави. До Комитетот пристигнаа досега рекорден број на апликации од кои  беа избрани следните апликанти/ки:

1.Јане Мамучевски 

2.Христијан Давидовиќ 

3.Стефан Дојчиновски 

4.Блертан Хасани

5.Веби Јетиши 

6.Ибраим Јашаровски 

7.Горазд Димов

8.Христина Лавуровска 

9.Сашка Талевска 

10.Рахилда Кадриова

11.Ана Фуна 

12.Блерина Положани 

На избраните учесници од Македонија ќе им се придружат 12 учесници од Каен, регион Долна Нормандија или 7 девојки и 5 момчиња  со што вкупниот број на учесници изнесува 24. Доколку некој од горенаведените учесници го откаже своето учество, Комитетот ќе одбере учесници од резервната листа на апликанти. 

Учесниците од двете држави ќе имаат можност да поминат 7 дена во Охрид каде што покрај дневните предавања ќе работат и на заедничка акција за слободата на изразување која ќе треба да ја спроведат во двете држави. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo