Corner Соопштенија

Повик за аплицирање - Школа за човекови права за млади од 18 до 24 години 03 Јули 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) и Институтот за човекови права во соработка со Институтот за човекови права и мир од Каен, регион Долна Нормандија, Република Франција организира школа за човекови права за млади од двете држави. На овогодинешната школа ќе бидат опфатени две генерални теми:

-  Слобода на изразување и слобода на медиуми

-  Говор и криминал од омраза

Повикот е отворен за млади од Франција и Македонија на возраст од 18 до 24 години. Сите заинтересирани кандидати од Македонија кои би сакале да земат учество на школата треба да:

1.  Ја симнат и пополнат прикачената апликација

2.  Приложат кратка биографија и,

3.  Приложат мотивациско писмо

Горенаведените документи доставете ги на: jasmina.golubovska@mhc.org.mk најдоцна до 01-ви август, 2015 година.

Локација: Охрид

Време: 24-31 август, 2015 година

Комитетот ги охрабрува сите млади без разлика на нивната етничка и религиозна припадност да се пријават на оваа школа со цел да се дружат, учат  и запознаат со млади од Франција. Јазици на кои ќе се одвива школата се: англиски, француски, македонски и албански јазик. 

Само избраните кандидати/ки ќе бидат контактирани со понатамошни информации за одржување на школата.

Апликацијата достапна на линкот тука . 


Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo