Corner Соопштенија

Меѓународен ден за борба против хомофобијата и трансфобијата 17 Мај 2011

Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија е загрижен за ситуацијата со човековите права и еднаквоста за ЛГБТ луѓето во Република Македонија. Неспоиви се нашите стремежи за полноправно членство во Европската Унија и коефициент од -2 во Индексот и Мапата на ИЛГА Европа, коефициент кој нe става во иста категорија со државите од блискиот и далечниот исток. Република Македонија e единственa со толку низок коефициент од државите членки и аспирантки за членство во ЕУ.

Денес, на 17ти мај, се одбележува Меѓународниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата. Секоја година Хелсиншкиот Комитет го оценува напредокот на Македонија во однос на почитувањето на човековите права и обезбедувањето на целосна правна еднаквост за лезбијките, геј мажите, бисексуалците и трансродните личности (ЛГБТ). За жал, изминатава година забележуваме регрес во однос на односот на државата кон ЛГБТ луѓето и постигнувањето на еднаквост за сите, вклучувајќи ги и ЛГБТ луѓето. Интернационалната организација за лезбијките, геј мажите, бисексуалците и трансродните личности за Европскиот регион, ИЛГА Европа, секоја година ја публикува и Мапата и Индексот Rainbow Europe. 

Главни трендови кои се забележани оваа година се:

· 14 држави (вклучувајќи и една членка на ЕУ) се во „црвената зона“: скоро целосно прекршување на човековите права и дискриминација, тука за жал се наоѓа и Република Македонија; 

· Има значително варирање меѓу државите во Европа: додека некои имаат напредок во последниве години (на пример Германија и Португалија), многу други не преземаат чекори за поголемо признавање на правата (како Кипар, Италија, Латвија, Малта, Турција, Украина) додека пак кај други е забележан зголемен ризик и регресија (Литванија, Унгарија, Република Македонија);

· Многу држави се околу или дури и под просекот кога е во прашање почитувањето на човековите права и обезбедувањето на правна еднаквост за ЛГБТ луѓето. Ова практично е загрижувачки, имајќи предвид дека севкупниот Европски просек е многу низок. 

Rainbow Europe Мапата на ИЛГА Европа ги вреднува законите и административните практики на секоја европска држава во 24 категории и ги рангира на скала од 17 (највисок коефициент: почитување на човековите права и целосна правна еднаквост за ЛГБТ луѓето) и -7 (најнизок коефициент: целосно прекршување на човековите права и дискриминација на ЛГБТ луѓето). Република Македонија е со коефициент -2. За првпат Мапата и Индексот да ги одразуваат категориите кои се однесуваат на трансродните личности. 

Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија ги повикува сите политички субјекти човековите права да станат дел од системот на државата, како над-партиска вредност, за која неможе да се има различен пристап. Еднаквоста е единствениот пат кон целта – праведно општество кое ги вклучува сите свои граѓани.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo