Corner Соопштенија

Шести Марш на толеранцијата - ПРАВДА! СЛОБОДА! ЕДНАКВОСТ! 13 Ноември 2014

Говорот на омраза и делата сторени од омраза врз основа на расна, верска, етничка, полова, родова и сексуална ориентација како и институционализираната дискриминација врз основа на политичка припадност кои се резултат на длабоко вкоренети предрасуди и омраза неминовно продуцираа поделби и тензии во Република Македонија денес. 

Последиците директно ги чувствуваат граѓанките и граѓаните на Република Македонија кои секојдневно се лишени од соодветно остварување на правата од здравствената заштита, образование, социјални услуги, еднаков пристап при вработување како и еднаков пристап до правда и почитување на нивната различност. Човековите права и слободи, владеењето на правото и слободата на говорот останаа да бидат само декларативни заложби на хартија. Меѓународниот ден на толеранција е денот кога ја искажуваме својата загриженост за ваквите сериозни нарушувања на состојбите со човековите права и слободи во Република Македонија.

Апелираме до надлежните државни органи, организации, институции и општински и општествени актери да се откажат од досегашните политики и практики и да преземат итни мерки за справување со дискриминацијата и кршењето на човековите права и слободи во земјата. Го повикуваме Јавниот обвинител Зврлевски конечно да се запознае со делата сторени од омраза и да ја врши работата согласно надлежностите пропишани во закон. Апелираме за толеранција меѓу граѓанките и граѓаните на оваа земја, почитување на различностите и солидарноста како одговор на штетните политики на структурите на моќта. Толеранцијата е патот кој води до еднаквост, слобода и и правда. Национализмот, шовинизмот и омразата ќе донесат само хаос и деструкција, а жртви се секогаш граѓанките и граѓаните на оваа земја. 

Повик за акција и поддршка: 

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и Цивил – Центар за слобода го реафирмираат својот повик по повод Меѓународниот ден на толеранцијата: ПРАВДА! СЛОБОДА! ЕДНАКВОСТ! Ги повикуваме сите луѓе со добра волја да дадат личен придонес кон подобрување на светот преку практикување на толеранцијата во сопствените семејства, соседството, на работното место и во јавноста. Хелсиншкиот комитет ги повикува своите активисти да го поддржат Маршот на толеранцијата кој ќе се одржи во Скопје, недела, 16 ноември, со почеток во 5 минути до 12 часот напладне, пред Музеј на Град Скопје. Учесниците на Маршот ќе се движат од Музеј на Град Скопје, преку ул. Македонија, ул. 11 Октомври, Влада на РМ, Мост Гоце Делчев, до платото пред Универзитетот на ЈИЕ, каде што ќе се одржи сценски и диџејски настап.


МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈА | 

DITA NDËRKOMBËTARE E TOLERANCËS | 

INTERNATIONAL DAY FOR TOLERANCE

ПРАВДА! СЛОБОДА! ЕДНАКВОСТ! 

DREJTËSI! LIRI! BARAZI!

JUSTICE! LIBERTY! EQUALITY! 

Марш на толеранцијата - Скопје - недела - 16 ноември - во 5 минути до 12 часот напладне - зборно место: Музеј на Град Скопје

Рута на маршот: Музеј на Град Скопје - ул. Македонија - ул. 11 Октомври - Влада на РМ - Мост Гоце Делчев - плато пред Универзитетот на ЈИЕ 

https://www.facebook.com/events/760794400656768/

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo