Corner Соопштенија

Повик за аплицирање - Школа за човекови права за млади од 16 до 19 години 27 Октомври 2014

Отворен повик за учество на Школа за човекови права за млади

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ќе ја оддржи 35-тата Школа за човекови права за млади од 15-ти до 21-ви ноември, 2014 година во хотел Романтик, Велес. Оваа школа е поддржана од страна на Амбасадата на Федерална Република Германија во Скопје и има за цел да ја развие свесноста на младите за концептот на човековите права, недискриминација и толеранцијата на различностите.

За таа цел, сите заинтересирани млади на возраст од 16 до 19 години можат да ги поднесат своите апликации согласно долунаведените правила за аплицирање доставени најдоцна до 07.11.2014 година по е-пошта на: jasmina.golubovska@mhc.org.mk. На школата ќе бидат опфатени теми поврзани со основните познавања и механизми за заштита на човековите права и слободи согласно меѓународното и националното законодавство како и запознавање со концептите на недискриминација, толеранција и мултикултурализам.

Правила за аплицирање:

1. Мотивациско писмо на 1 страница: Зошто сакам да учествувам на Школата за човекови права?

2. Кратка биографија (CV)

3. Пополнета и скенирана апликација   

Комитетот ги охрабрува сите млади без разлика на нивната етничка и религиозна припадност да се пријават на оваа школа со цел да се дружат, учат  и запознаат со нивните врсници од Македонија и да станат членови на младинската група на Хелсиншкиот комитет. Јазици на кои ќе се одвива школата се: македонски јазик со достапен превод на албански јазик. 

Само избраните кандидати/ки ќе бидат контактирани со понатамошни информации за одржување на школата.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo