Corner Соопштенија

Отворање на Школата за млади 20 Август 2014

Вчера (19-ти август), се отвори Школата за млади во чиј фокус се кривичните дела од омраза сторени поради етничка или религиозна припадност, организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со Институтот за мир и човекови права од регионот Долна Нормандија, Франција. На отворањето на Школата за млади со поздравни говори се обратија проф. д-р Гордан Калајџиев, Претседател на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Н.Е. Лоренс Оер, Амбасадорка на Република Франција во Р. Македонија и Ивана Димитровска, претставничка на Децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија. 




Оваа Школа има мулти-етнички, мулти-национален и мулти-културен карактер. На Школата учество ќе земат 20 млади од Франција и Македонија (припадници на сите заедници во државата).














Програмските активности на Школата за млади ќе бидат поврзани со теми за човековите права, разбирањето на разликите, дискриминацијата, механизмите за превенција на делата од омраза.














Оваа школа е овозможена со поддршка на „Програмата за децентрализираната соработка помеѓу регионот Долна Нормадија и Македонија“ и има за цел да ги поттикне учесниците да преземат заедничка акција против делата од омраза помеѓу младите во двете држави.


Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo