Corner Соопштенија

Школа за човекови права за млади од Република Македонија и Каен, Долна Нормандија 18 Август 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со Институтот за мир и човекови права од регионот Долна Нормандија, Франција на 19-ти август (вторник) започнува со одржување на Летна школа за млади во чиј фокус ќе бидат кривичните дела од омраза сторени поради етничка или религиозна припадност. Оваа Школа има мулти-етнички, мулти-национален и мулти-културен карактер. На Школата учество ќе земат 20 млади од Франција и Македонија (припадници на сите заедници во државата). Изборот на учесниците беше извршен преку отворен повик во двете држави и од бројните апликации беа избрани следните кандидати:


1. Аријана Ајдар    
11. Илија Јованов
2. Сибел Тас  
12. Фитим Илази
3. Лепосава Огњановска    
13. Игор Ташковски
4. Алис Андре  
14. Александар Солев
5. Данче Азманова  
15. Шкодран Алиу 
6. Адел Симон      
16. Јордан Арсов
7. Алмедина Ќорак  
17. Димитри Папакоч
8. Капучин Блет   
18. Мартин Перчинков
9. Стефаниа Стафила 
19. Елвис Кундевски
10. Лора Белал  
20. Мартин Велинов 

Избраните учесници на школата од Македонија и Франција ќе поминат 7 дена заедно во период од 19-25 август обидувајќи се да изнајдат позитивни решенија за делата сторени од омраза помеѓу младите во двете држави. Школата ќе започне на 19-ти август, во Скопје, хотел „Средно Водно“ со почеток од 12 часот попладне. За првиот ден предвидено е свечено отворање на школата и обраќање на:

12:00 – 12:30 Поздравни говори

-  Проф. д-р Гордан Калајџиев, Претседател на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија (МХК)

-  Н.Е. Лоренс Оер, Амбасадорка на Република Франција во Р. Македонија

-  Ивана Димитровска, претставничка на Децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија

12:30 – 13:30 Активности на Комитетот и соработници за кривични дела сторени од омраза

-  Уранија Пировска, извршна директорка на МХК

-  Проектни координаторки: м-р Јасмина Голубовска (МХК) и м-р Сара Барние Лирој – Институт за мир и човекови права, Каен, Долна Нормандија

-  д-р Жанета Попоска - претставничка од мисијата на ОБСЕ во Скопје

Оваа школа е овозможена со поддршка на „Програмата за децентрализираната соработка помеѓу регионот Долна Нормадија и Македонија“ и има за цел да ги поттикне учесниците да преземат заедничка акција против делата од омраза помеѓу младите во двете држави.

Aгендата за школата можете да ја видите на линкот тука.  

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo