Corner Соопштенија

Повик за учество на граѓански организации во проектот Мрежа 23 01 Август 2014

Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје за проектот „Мрежа 23“, во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (ХКМ) и Центарот за управување со промени (ЦУП), финансисран од Европската Унија, објавува повик за доделување на грантови за граѓански организации. Грантовите се однесуваат на следењето и евалуацијата на политиките во рамки на Поглавјето 23 за пристапувањето во ЕУ – правосудство и темелни права. 

Максималниот износ за кој можат да аплицираат организации кои ќе спроведуваат активности на ниво на повеќе општини/национално ниво е 614.200 денари, додека за граѓански организации кои ќе спроведуваат активности на локално ниво (една општина) е 307.100 денари. Пакетот за доставување на пријава е достапен на следниов линк: https://www.dropbox.com/sh/goqtxn9elww6wag/AADAAjBbKpELIyOeJvvS7wLJa.   

Инфо сесија: Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. Наум Наумовски Борче бр. 83, 25.08.2014, со почеток во 13.00 часот. Краен рок: 10 септември 2014 година. Апликациите се доставуваат само во електронска форма на: network23@epi.org.mk и aleksandar.jovanoski@epi.org.mk


Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo