Corner Соопштенија

Покана за медиуми: 22 јули - Европски ден на жртвите од криминал од омраза 21 Јули 2014

Почитувани,

Хелсиншкиот комитет за човекови права има за чест да Ве покани на прес-конференција која ќе се одржи на 22 јули 2014 г. (вторник) од 11:00 часот во просториите на Комитетот (ул. Наум На.умовски Борче бр. 83, Скопје). Прес-конференцијата е посветена на 22 јули, прогласен за „Европски ден на жртвите од криминал од омраза“ од страна на Советот на Европа.

Хелсиншкиот комитет, преку тековниот проект „Унапредување на националната инфраструктура против говор на омраза и злосторства од омраза“, поддржан од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во 2013 и 2014 година регистрираше 175 инциденти/кривични дела сторени од омраза кои можат да се погледнат преку www.zlostorstvaodomraza.mk

П Р О Г Р А М А

11:00 – 11:05 Уранија Пировска, Воведно обраќање

11:05 – 11:10 Проекција на краткометражен филм – Злосторства од омраза во Македонија

11:10 – 11:20 Воислав Стојановски и Јасмина Голубовска, Презентација на веб-портали за пријавување на говор на омраза и злосторства од омраза

Гости:

11:20 – 11:30 Димче Паленцо, Еврејската заедница од Битола, Жртви на религиски-мотивирани дела од омраза

11:30 – 11:40 Деан Танчовски, Бугарскиот културен клуб во Македонија, Жртви на етнички-мотивирани дела од омраза

11:40 – 11:50 Петар Стојковиќ, Граѓански активист, Жртва на дела од омраза мотивирани од сексуална ориентација

11:50 – 12:00 Дискусија и прашања од новинари и гости

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo