Corner Соопштенија

Отворен повик за учество на школа за човекови права за млади, 19-25 август 18 Јули 2014

„Кривични дела сторени од омраза помеѓу младите на етничка и религиозна основа во Република Македонија и Каен, Долна Нормандија“

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) и Институтот за човекови права и мир од Каен, регион Долна Нормандија, Република Франција организираат Школа за човекови права за млади од двете држави. На школата ќе бидат опфатени две генерални теми:

-  Дела од омраза помеѓу младите по основ на етничка и религиозна припадност

-  Младински активизам како алатка за превенција на дела од омраза помеѓу младите

Напорите на двете организации се во насока за младите од Македонија и Франција да добијат повеќе знаење за кривични дела сторени од омраза преку интерактивна програма подготвена специфично за потребите на школата. Исто така двете организации очекуваат дека младите преку взаемна соработка и дружење можат да креираат активности преку кои ќе се спротивстават на ваквите појави во општествата.

Повикот е отворен за млади од Франција и Македонија на возраст од 18 до 24 години. Сите заинтересирани кандидати кои би сакале да земат учество треба да:

1.  Ја симнат и пополнат прикачената апликација

2.  Приложат кратка биографија и,

3.  Краток есеј за дела од омраза помеѓу младите во нивната локална средина. Есејот треба да содржи и мислење на апликантот/ката за тоа што се дела од омраза и како влијаат на младите во Р. Македонија

Горенаведените документи доставете ги на: jasmina.golubovska@mhc.org.mk најдоцна до 10ти август, 2014 година.

Локација: Скопје, хотел „Средно Водно“

Време: 19-25 август, 2014 година

Комитетот ги охрабрува сите млади без разлика на нивната етничка и религиозна припадност да се пријават на оваа школа со цел да се дружат, учат  и запознаат со млади од Франција со цел заедно да допринесеме за намалување на делата од омраза помеѓу младите во двете општества. Јазици на кои ќе се одвива школата се: англиски, француски, македонски и албански јазик. 

Апликацијата достапна на линкот тука. 

Повикот достапен во пдф документ тука.   

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo