Corner Соопштенија

ПОКАНА: Универзален периодичен преглед - Работилница за млади 09 Јули 2014

Почитувани,

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Македонија имаат чест да Ве поканат на двочасовна работилница за време на која ќе биде претставен Универзалниот периодичен преглед (УПР) - механизам преку кој се испитува почитувањето на човековите права во сите 193 земји членки на Обединетите нации. Главна цел на работилницата е запознавање на младите со процесот на УПР и нивно активно вклучување во промоција на спроведувањето на препораките упатени кон Македонија. 

Ќе ни претставува особено задоволство доколку и Вие присуствувате на оваа работилница која ќе се одржи на 11 јули 2014 година (петок) од 15:00 до 17:00 часот во просториите на Хелсишкиот комитет

На учесниците кои не се од Скопје ќе им бидат платени патните трошоци во висина до цената за повратен билет за автобус или воз од нивното живеалиште или престојувалиште. 

Ве молиме Вашето учество да го пријавите преку helkom@mhc.org.mk или телефонски на 02 3119 073.

АГЕНДА

15:00 - 15:10 Уранија Пировска, извршна директорка, Хелсиншки комитет

- Важноста на меѓународните механизми за заштита на човековите права

15:10 - 15:25 Воислав Стојановски, правен советник, Хелсиншки комитет

- Што претставува и од што се состои Универзалниот периодичен преглед?

15:25 - 15:40 Нада Наумовска, координаторка на проекти, Фондација отворено општество - Македонија

- Искуства од формирањето на најголемата граѓанска коалиција за поднесување на УПР

15:40 - 15:55 Наташа Бошкова, адвокатка, Коалиција „Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници“

- Права на ЛГБТ заедницата во процесот на УПР

15:55 - 16:10 Марија Гелевска, заменик извршна директорка, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените

- Права на жената и здравствени права во процесот на УПР

16:10 - 16:30 Кафе пауза и закуска

16:30 - 17:00 Прашања, дискусија и заклучоци

Со почит,

Тим за промоција на УПР (лице за контакт: Сања Барлаковска, 02 3119 073)

Со поддршка на

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo