Corner Соопштенија

Универзитет на Мирот 2014 : повик за македонски учесници 03 Јуни 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија како партнер на програмата за Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија, Република Франција и Република Македонија со задоволство ве известува дека започна повикот за учесници од Македонија на Универзитетот на мирот кој ќе се одржи во Каен, Долна Нормандија од 7 до 13 јули 2014 година.

Овој настан е организиран од страна на нашата партнерска организација - Меѓународниот Институт за Човекови права и мир од Каен на кој секоја година се среќаваат педесетина млади луѓе од целиот свет кои ги споделуваат своите идеи и знаења во повеќе дисциплини поврзани со мирот и човековите права.

Сите заинтересирани млади кои сакаат да земат учество на овој настан можат да добијат повеќе информации на официјалната веб страница на соработката www.bn-mk.org или на овој линк.


Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo