Corner Соопштенија

Покана за прес: Злосторства од омраза во Македонија од 2013 до 2014 година 14 Мај 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права има чест да Ве покани на прес-конференција, која ќе се одржи на 15 мај 2014 г. (четврток) од 12:00 часот во просториите на нашата канцеларија која се наоѓа во Дебар Маало, на ул. Наум Наумовски Борче бр. 83 во Скопје. Прес-конференцијата е посветена на тековниот проект „Поддршка на националните чинители во справувањето со криминалот од омраза и говорот на омраза“, финансиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој Комитетот го спроведува како имплементирачки партнер.  

Проектот започна да се спроведува во февруари 2013 година. Оттогаш па до денес, Хелсиншкиот комитет евидентираше 84 верификувани и исто толку неверификувани инциденти сторени поради омраза. Сите инциденти можат да се видат на нашиот интерактивен веб портал за регистрирање на инцидентите - www.zlostorstvaodomraza.com. За време на прес-конференцијата ќе биде презентирана посебната анализа за Злосторствата сторени од омраза во Република Македонија во 2013 година. Дополнително, ќе биде даден преглед на инцидентите што продолжуваат и во 2014 година, со особен осврт на злосторствата од омраза сторени поради политичкото определување или припадност на граѓаните. 

ПРОГРАМА

12:00 – 12:10 Воислав Стојановски, правен советник

              Презентација на посебна анализа за Злосторствата сторени од омраза во 2013 година

12:10 – 12:20 Уранија Пировска, извршна директорка

              Злосторства од омраза поради политичко определување или припадност (Избори 2014 година)

12:20 – 12:30 Прашања од новинари и гости

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo