Corner Соопштенија

Покана за настан на 16 мај 2016: Криминал од омраза меѓу младите во Македонија и Франција 13 Мај 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Меѓународниот Институт за Човекови Права и Мир во Каен, регион на Долна Нормандија во Република Франција, ги спроведуваат активностите од заедничкиот проект: Школа за човекови права за млади од Република Македонија и Каен, Долна Нормандија. 

Проектот е поддржан од страна на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија. Согласно предвидените активност во проектот, двете организации подготвија јавна дискусија која има за цел да отвори прашања во врска со растечката тенденција на кривични дела сторени од омраза кај младите во Република Македонија и Република Франција. 

Како што е наведено во агендата во прилог на оваа покана, јавната дискусија е на тема: Кривични дела сторени од омраза на религиозна или етничка основа кај младите во Република Македонија и Република Франција: Сличности и разлики. Дискусијата ќе се осврне на два аспекта и тоа: Националната законодавна рамка и процедури за малолетни лица за сторени дела од омраза во Република Македонија и Франција и причини за пораст на овие дела во двете држави. 

Искрено се надеваме дека оваа дискусија ќе пробуди интерес и ќе бидете во можност да се вклучите во дискусијата.

Агендата на македонски и француски јазик можете да ги преземете на следниов линк

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo