Corner Соопштенија

Оглас за правен советник - проектен асистент 12 Мај 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има потреба од правен советник - проектен асистент. Од избраниот кандидат/ка ќе се очекува да обавува правна работа како асистент/ка во правната служба на Комитетот. Работата на Комитетот е од областа на: набљудување и известување за состојбата со човековите права, набљудување на судски постапки, бесплатна правна помош, работа на случаи, превземање правни иницијативи, правни анализи, истражувања, тренинзи, семинари и конференции. 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: 

-  дипломиран правник

-  познавања од областа на правосудсвото

-  познавање на албански и англиски јазик

-  познавање на работа со компјутер

Како предност ќе се смета:

-  завршени постдипломски студии

-  искуство како приправник/вработен во суд или кај адвокат

-  искуство стекнато во невладина организација

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) на helkom@mhc.org.mk до 18 мај 2014 година. По завршување на огласот, Хелсиншкиот комитет ќе стапи во контакт со потесно селектираните кандидати кои ќе бидат повикани на интервју.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo