Corner Соопштенија

Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право! 25 Април 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги известува граѓаните дека во недела, 27.04.2014 г. канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават  повреда на избирачкото право за време на Предвремените парламентарни избори и вториот круг од претседателските избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на нова локација односно на ул.„Наум Наумовски Борче“ бр. 83. Доколку ви е потребна мапа за новата локација на Комитетот можете да ја најдете на нашата веб-страница: http://mhc.org.mk/pages/contact.

Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и преку отворената фиксна и мобилна телефонска линија: +389 (0)2 3119 073  и +389 (0)78 252 812.

Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право. Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност.

Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Комитетот и истите нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните кои ја пријавиле повредата.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo