Corner Соопштенија

Универзален периодичен извештај на ОН: Работилница за млади, 16.04.2014 14 Април 2014

Почитувани,

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Македонија и Младински образовен форум (МОФ) имаат чест да Ве поканат на двочасовна дебата за време на која ќе биде претставен Универзалниот периодичен извештај (УПР) - механизам преку кој се испитува почитувањето на човековите права во сите 193 земји членки на Обединетите нации. Главна цел на дебатата е запознавање на младите со УПР процесот и нивно активно вклучување во промоција на спроведувањето на препораките упатени кон Македонија. Настанот ќе биде пренесуван во живо преку интернет страницата на Радио МОФ (www.radiomof.mk). Ќе ни претставува особено задоволство доколку и Вие присуствувате на оваа дебата која ќе се одржи на 16 април 2014 година од 15:00 до 17:00 часот во Младинскиот културен центар во Скопје.

Со почит,

Тим за промоција на УПР (лице за контакт: Воислав Стојановски, 02 3119 073)


Поканата и агендата можете да ги преземете на следниов линк 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo