Corner Соопштенија

Покана за прес: Банките ги дискриминираат слепите лица 02 Декември 2013

Хелсиншкиот комитет за човекови права има чест да Ве покани на прес-конференција која ќе се одржи на 3 декември 2013 година (вторник) од 15:00 до 15:30 часот во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Поводот за прес-конференцијата е одбележување на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност и информирање на јавноста за дискриминаторскиот однос на банките кон слепите и лицата со оштетен вид. Нееднаквиот третман се однесува на користењето на банкарски услуги и производи за кои е неопходен потпис на корисникот при што банките не го признаваат потписот од слепите лица, не дозволуваат користење на факсимил и ги принудуваат да ополномоштат трето лице кое би потпишувало во нивно име и за нивна сметка. Слепите лица се соочуваат со проблеми и при користењето на онлајн банкарство поради внатрешните прописи на банките (употреба на токени, кодови и слични сигурносни алатки кои слепите лица не се во состојба да ги користат). Дополнително, банките не обезбедуваат употреба на асистивна технологија како што е на пример говорниот банкомат, браевиот печатач, софтверските решенија за пристапност до електронски услуги итн.

За време на прес-конференцијата јавноста ќе биде запознаена со активностите за надминување на овој проблем преземени од страна на Хелсиншкиот комитет во рамките на Мрежата за заштита од дискриминација и Националниот сојуз на слепите.

ПРОГРАМА

15:00 – 15:10 Уранија Пировска, извршна директорка, Хелсиншки комитет за човекови права                     

15:10 – 15:15 Стерја Димов, генерален секретар, Национален сојуз на слепи лица

15:15 - 15:20 Александар Камбов, член на собрание, Здружение на слепи лица Скопје                       

15:20 – 15:30 Прашања од новинари и гости

Поканата можете да ја преземете на следниов линк 

Претставката поднесена до Комисијата за заштита од дискриминација можете да ја преземете на следниов линк 

Меморандумот за соработка помеѓу Комитетот, Сојузот и Комерцијална банка можете да го преземете на следниов линк

Откажувањето на дел од Претставката во однос на Комерцијална банка можете да го преземете на следниов линк 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo