Corner Соопштенија

Интервју со претседателот на Хелсиншкиот комитет за новиот ЗКП 23 Ноември 2013

На 1 декември годинава, кривичната постапка во Македонија комплетно ќе го напушти судскиот патернализам, постапката ќе стане акузаторна, со нагласена улога на процедуралната правичност и на начелото на контрадикторност на главната расправа. Со новиот Закон за кривичната постапка, кој беше донесен во 2010 година и чијашто примена досега два пати беше одложувана, во целост се менува концептот на досегашната — во својата суштина — инквизиторна постапка, дизајнирана како службена истрага на судот. 

„Јас сум убеден дека Законот ќе донесе своевиден ефект, иако можеби на почетокот ќе се јават проблеми“, оценува во интервјуто за Академик, проф. д-р Гордан Калајџиев од Правниот факултет „Јустинијан Први“, еден од креаторите на измените и обучувач на кадрите, кои ќе го практикуваат Законот. Нашиот соговорник, на помалку од десетина дена пред стартот на револуционерната реформа во кривичниот систем, укажува оти и натаму недостига сеопфатна дебата за новата улога на адвокатурата, не се завршени некои технички аспекти на имплементацијата, како и дел од организациските прашања, особено формирањето на правосудната полиција…

Интервјуто можете да го прочитате на веб страницата на akademik.mk

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo