Corner Соопштенија

Покана за прес-конференција: Европски ден на жртвите од криминал од омраза 21 Јули 2013

Почитувани,

Хелсиншкиот комитет за човекови права има за чест да Ве покани на прес-конференција која ќе се одржи на 22 јули 2013 г. (понеделник) од 11:00 часот во просториите на Комитетот (ул. Даме Груев бр. 28/5, Скопје, во Домот на воените инвалиди). Прес-конференцијата е посветена на 22 јули, прогласен за „Европски ден на жртвите од криминал од омраза“ од страна на Советот на Европа. Низ цела Европа овој ден се одбележува преку кампања на која оваа година за првпат се приклучува и Македонија. 

Хелсиншкиот комитет, преку тековниот проект „Набљудување и известување за злосторства од омраза“, финансиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за неполни 5 месеци регистрираше 50 инциденти/кривични дела сторени од омраза кои можат да се погледнат на www.zlostorstvaodomraza.com. За време на прес-конференцијата ќе бидe проектиран краткометражен филм кој содржи видеа и фотографии од дел од злосторствата од омраза кои ги регистриравме. Едно од видеата во филмот кое ќе биде прикажано премиерно, е од нападот на ЛГБТИ Центарот за поддршка, подружница на Хелсиншкиот комитет, на 22 јуни за време на кој беше повреден полицаец. 

ПРОГРАМА

11:00 – 11:15 Уранија Пировска, извршна директорка, Хелсиншки комитет за човекови права

                       Воведни забелешки

                       Злосторства од омраза врз основа на сексуална ориентација

11:15 – 11:30 Кочо Андоновски, програмски директор, ЛГБТИ Центар за поддршка

                       Говорот на омраза и растечката хомофобија како причинители на злосторства од омраза

11:30 – 11:45 Воислав Стојановски, правен советник, Хелсиншки комитет за човекови права

                       Осврт на веб порталот за пријавување на злосторства од омраза

                       Злосторства од омраза врз основа на етничка и верска припадност

11:45 – 11:50 Проекција на видео

11:50 – 12:00 Прашања од новинари и гости

Со надеж дека ќе се приклучите кон одбележувањето на Европскиот ден на жртвите од криминал од омраза преку што ќе допринесете за подигнување на јавната свест за потребата од општествен одговор на овој негативен феномен, остануваме со срдечен поздрав.


Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo