Corner Соопштенија

Реакција по повод Меѓународниот ден на жената 08 Март 2012

  • Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистирало социјалистичкото движење. Но од сите нив, најголеми заслуги ги понеле Роза Луксембург и Клара Цеткинс.

  • Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири. Поминувајќи низ историскиот контекст на почетокот на одбележување на Денот на жената, не можеме а да не констатираме со жалење дека тој контекст кај нас се обновува, жестоко атакувајќи на еднаквоста на жените. 

  • Иако може да се каже дека во последниве години правната рамка за постигнување на еднаквост меѓу мажите и жените е многу подобрена, сепак недостига фактичка имплементација. Најочигледен пример се Комисиите за еднаквост меѓу мажите и жените, кои според законот мора да се формираат во секоја општина. Во повеќето општини се формирани овие комисии, но истражувањата на Хелсиншкиот Комитет во последните две години покажуваат дека тие само формално се формирани, ретко, а некои и никогаш не одржале состаноци, уште помалку изработиле стратегии или акциски планови за дејствување во општината каде се формирани. Во учебникот Мојата околина 2 [1] за второ одделение ислустрациите ја покажуваат жената/мајката со средства и крпа за чистење во раката, а мажот/таткото во раката е со далечинскиот управувач за телевизорот. Во јавниот дискурс има жестоко враќање на патријархатот преку различни акции и пораки. Владините кампањи на пример, за поттикнување на претприемништвото, жените ги споменуваат единствено како слаткарки и секретарки. 

  • Платите се драстично поголеми на мажите од тие на жените, сеуште пристапот до образование е потежок за жените, а насилството против жените е поголемо и полошо од она против мажите. Има уште неброени индикатори кои укажуваат дека за жал, после зголемениот напредок во втората половина на 20от век, последниве години сме сведоци на намалување на фактичката еднаквост и промоција на враќањето кон патријархалниот вредносен систем. Очигледна е потребата за враќање, но не кон патријархатот, туку кон борбата на жените за еднаквост на терен. Граѓанските организации кои се фокусирани на правата на жените, како и сите кои работат во доменот на човековите права, треба да се спротивстават на патријархалната индоктринација во последните години со масовни протести на 8 март, наспроти кафеанското вкалапување на жената во патријархалната машинерија. Државата треба да смисли и промовира активни мерки за зголемување на учеството на жените во демократските процеси, економските иницијативи и пристапот до образование. Сето ова треба да се секојдневни акции кои ќе кулминираат на 8 март, денот кога треба да го одбележиме напредокот во еднаквоста на жените. За жал, сега го одбележуваме назадувањето во еднаквоста на жените во нашето општество. 

  • Се појавија анонимни кампањери за забрана на абортусот, што резултираше со јавна дебата дали треба или не да се забрани абортусот, односно дали треба на жената да ѝ се одземе правото да одлучува за сопственото тело. Со промоција на „активни мерки“ за зголемување на наталитетот се поттикнуваат жените да ја вратат „улогата на родилки и домаќинки во духот на традицијата“, обесхрабрувајќи ги да се реализираат себеси како личности, односно охрабрувајќи ги да станат машини за раѓање на деца и прислужнички на сопругот. Во комерцијалните рекламни спотови се повеќе се промовира жената како предмет/барбика или куќна помошничка. Сето ова има последици кои се мерливи. Така, на последните локални избори, од 84 општини имаме 84 градоначалници и ниту една градоначалничка. Истражувањата на домашните и интернационалните организации и институции забележуваат многу поголема сиромаштија, невработеност и бесперспективност кај жените, отколку кај мажите. 

  • [1] Мојата околина 2: учебник за запознавање на околината за второ одделение за деветгодишно основно образование / Ели Маказлиева, Билјана Камчевска, Катица Дуковска – Муратовска, Просветно дело, 2008г.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo