Corner Соопштенија

Итно да се повлече Предлогот на закон за прекинување на бременоста! 29 Мај 2013

1. Предлог законот задира во основните слободи и права и според тоа претставува сложен и обемен закон и не смее да се носи во скратена постапка. 

2. Предлог законот за прекинување на бременоста ја укинува/брише досегашната одредба на слободен избор на жената за прекин на бременоста до 10 гестациска недела преку воведување на рестрикциони механизми кои не се базирани на научни сознанија и медицина-базирана на докази ниту во согласност со постојните медицински насоки за прекинување на бременоста дефинирани од страна на Светската Здравствена 
Организација поради следниве одредби: 

• доставување на писмено барање од страна на жената за прекин на бременоста, 
• давање писмена согласност за интервенцијата од страна на жената,
• задолжително пред-абортус советување, 
• известување на брачниот партнер, 
• поставување на задолжително време за чекање од 3 дена по советувањето за да може да се изведе интервенцијата, 
• доставување на потврда од гинеколог-специјалист

Одредбите во член 6 од предлог законот за прекинување на бременоста за барање до 10 недела се во колизија со член 2 од предлог законот кој дефинира дека за прекинување на бременоста слободно одлучува жената, што претставува повреда на одредбите од уставот и загарантираните слободи и права како и меѓународните договори ратификувани од страна на Република Македонија.

3. Одредбите од Предлог законот утврдуваат нова надлежност на министерот за здравство да донесува одлуки за:
• подготовка на форматот за писмено барање за абортус, 
• воспоставување на акти за советување и клинички протоколи, 
• формирање на првостепени комисии во здравствените институции

Со ова се нарушува автономноста и се деградира способноста/капацитетите на здравствените установи задолжени да ја вршат оваа дејност особено што абортусот во законот се дефинира како медицинска интервенција и со тоа експертизата треба да лежи во професионалниот кадар и здравствените установи и медицинската фела (лекарска комора). 

Формирањето на комисија во здравствената установа од страна на министерот дополнително ќе ја бирократизра процедурата за жената која поднела барање, а индиректно министерот ќе биде во улога на одлучувач дали на жената да и се прифати барањето или не.

4. Високи парични казни како и воведување на мерка затвор за докторите кои не се придружуваат до одредбите во овој закон дури за процедури кои не се животно-заканувачки (водење евиденција, известување на партнер) не соодветствуваат со казните при изведување на други медицински интервенции, а дополнително го руши дигнитетот на лекарите и самата професија.

Група граѓански организации за заштита на човековите права и права на жените.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo