Corner Соопштенија

Покана за прес-конференција 17 Мај 2013

Почитувани,

Хелсиншкиот комитет за човекови права има за чест да Ве покани на прес-конференција, која ќе се одржи на 20 мај 2013 г. (понеделник) од 11:00 часот во ЕУ Инфо центарот во Скопје. Прес-конференцијата е посветена на тековниот проект „Набљудување и известување за злосторства од омраза“, финансиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој Комитетот го спроведува како имплементирачки партнер.  

Проектот започна во март 2013 година. Оттогаш па до денес, Хелсиншкиот комитет евидентираше десетици злосторства од омраза, а беа испратени и дописи до сите 32 судови и 22 Јавни обвинителства кои имаат надлежност во оваа област. За време на прес-конференцијата ќе бидат презентирани одговорите на правосудните органи, регистрираните инциденти и новиот интернет портал „Пријави злосторство од омраза“ кој ги содржи досега евидентираните инциденти и преку кој граѓаните во иднина ќе можат да пријавуваат кривични дела и инциденти сторени од омраза.

ПРОГРАМА

11:00 – 11:15 Уранија Пировска, извршна директорка, Хелсиншки комитет за човекови права

                       Воведни забелешки

11:15 – 11:30 Воислав Стојановски, правен советник, Хелсиншки комитет за човекови права

                       Презентација на проектот и досегашни наоди

                       Презентација на интернет портал „Пријави злосторство од омраза“

11:30 – 12:00 Прашања од новинари и гости

www.zlostorstvaodomraza.com

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo