Оглас за практикант/ка 12 April 2013
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има потреба од практикант/ка. Агажираниот практикант/ка ќе обавува практикантска работа како асистент во правната служба на Комитетот. Работата на Комитетот е од областа на: набљудување и известување за состојбата со човековите права, набљудување на судски постапки, бесплатна правна помош, работа на случаи, превземање правни иницијативи, правни анализи, истражувања, тренинзи, семинари и конференции.
Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
- дипломиран правник
- познавања од областа на правосудсвото
- познавање на англиски јазик
- познавање на работа со компјутер
Како предност ќе се смета:
- искуство како приправник во суд или кај адвокат
- искуство стекнато во невладина организација
Заинтересираните кандидати треба да се испратат кратка биографија (CV) на helkom@mhc.org.mk до 19 април 2013 година. По завршување на огласот, Хелсиншкиот комитет ќе стапи во контакт со потесно селектираните кандидати кои ќе бидат повикани на интервју.