Corner Соопштенија

Меѓународен ден за елиминација на расната дискриминација 21 Март 2013

Денеска е меѓународниот ден за елиминација на расната дискриминација. Оваа година  во фокусот на Обединетите Нации е ставен спортот како активност преку која може да се подигне свеста за справување со расната дискриминација. Во своето денешно обраќање генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун изјави:

„Мораме да ги здружиме силите за да ставиме крај на расизмот, а спортот може да ни помогне да ја постигнеме оваа цел. На овој меѓународен ден сите повторно да ветиме дека ќе се бориме да ја искорениме расната дискриминација, а ќе ја реализираме нашата визија за правда, еднаквост и слобода од страв за сите“.

Во Република Македонија со жалење констатираме дека расната дискриминација е директно или индиректно насочена кон граѓаните припадници на ромската заедница. Изминатите два дена, сведоци сме на случај кој укажува на директна дискриминација врз Ромите, а се огледа преку ставот на еден трговски центар за отстранување на вработените од ромска националност во одделот за храна. Во писмената кореспонденција меѓу трговскиот центар и засегнатите, како и од поднесената претставка на засегнатите до Хелсиншкиот комитет, јасно и недвосмислено е изнесен став кој може да се разгледува преку два основи на дискриминација: боја на кожа и етничка припадност кои пак укажуваат на поврзаноста со расната дискриминација во поширок поим. 

Меѓутоа, овој случај не е единствен. Комитетот веќе подолго време прибира податоци и разгледува барања од страна на граѓани, припадници на ромската заедница за нивно етикетирање, таргетирање и нееднакво третирање на граничните премини и нивната нееднаква положба во образовниот систем на Република Македонија. Хелсиншкиот комитет постојано работи на превенција и заштита на различни општествени групи кои се подложни на дискриминација. Затоа на овој ден уште еднаш ја потенцираме нашата заложба и посветеност во борбата против нееднаков статус и третман во Република Македонија насочени кон потполна елиминација на расната дискриминација. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo