Corner Посебни анализи

Приватноста под лупа 20 Јануари 2010

Хелсиншкиот Комитет изработи документ насловен „Приватноста под лупа: Кратка анализа за предлог измените и дополнувања на Законот за електронски комуникации“ во која се констатира дека со предложените измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации се прави груб пробив во сферата на приватноста на граѓаните со противзаконски и волунтаристички пристап на органот за следење на комуникациите, а без адекватни гаранции против злоупотреба. Овие решенија се закана за човековите права и како што оценил Европскиот Суд за човекови права  го носат ризикот дека еден систем за тајно надгледување може да ја поткопа па дури и да ја уништи демократијата во една земја. 

Од наведените причини Хелсиншкиот Комитет бара од предлагачот на измените (министерство за транспорт и врски) да ги отстрани спорните членови или да ги повлече предлог  измените на Законот за електронски комуникации од собраниска процедура.  

Кратката анализа можете да ја превземете на следниов линк .

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo