мк      en      sq
пребарај
СООПШТЕНИЕ
По повод случајот на осомничениот родител за полов напад врз своите три малолетни ќерки, објавен во медиумите на 25.08.2010

.......................................................

Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
11-17 Септември, 2010 год
Хотел „Белведере“ Охрид
АПЛИКАЦИЈА

.......................................................

Европски суд за човекови права
СТРАЗБУР
10 јуни 2010

Случај:
Томислав Спасовски против Република Македонија

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија.

.......................................................

На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата.
ПРОЕКТИ
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“
12-ти април, Дом на АРМ - Скопје
Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава.

.......................................................

ПРОЕКТ
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој
Прашалникот можете да го симнете ТУКА
Општо прифатени дефиниции за облици на дискриминација
Распоред
Агенда

.......................................................

Забелешки на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација
Изработени од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија
Забелешки на предлог - Закон за здруженија и фондации

.......................................................

Охрид, 12-19 Јануари 2010 година

Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран.

.......................................................


Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија

.......................................................

СООПШТЕНИЕ

20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата
Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето.
Анализа
ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

.......................................................

.......................................................

Извештај на Стејт департментот за човековите права
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области.

.......................................................

60 години од Универзалната декларација за човековите права
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права

Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година.
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал.
Амнести интернешенел за Македонија:
Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права.
Извештај "Граѓански засновани анализи"

Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата

пријави се за e-mail вести
e-mail адреса:
 

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР

По 3.000 евра отштета за Роми што ги тепала полиција

Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност

Петмина Роми од Штип ќе добијат по 3.000 евра отштета од државата бидејќи пред десет години биле претепани од полицијата за време на веселба во кафеана, а потоа немало истрага за евентуална полициска бруталност. Ова е пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, според која, отштета ќе добијат штипјаните Амди Џеладинов (33), Дучихан Камилов (42), Ремизе Дурмишова (31), Дагистан Алилов (31) и Мета Асановски (42). Парите треба да бидат исплатени од државниот буџет на Македонија. Дополнителни 2.000 евра државата ќе треба да му исплати на Европскиот центар за правата на Ромите со седиште во Будимпешта, Унгарија, кој ги претставувал Ромите пред Судот во Стразбур. Штипјаните ја поднеле тужбата во 2002 година, а се жалеле дека им се прекршени човековите права и биле жртви на полициска тортура. Тие тврделе дека биле тепани без причина, а потоа немало истрага за наводната полициска бруталност.

ДВЕ ВЕРЗИИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ

Инцидентот се случил на 2 август 1998 година, кога Ромите биле на веселба во кафеана во Штип. Пред локалот се случила тепачка меѓу неколку Роми и поранешен шампион во борење кој работел како инструктор за полицијата. Инструкторот го пријавил случајот во полиција. За понатамошните случувањата во критичната вечер има две различни верзии, онаа на Ромите и полициската верзија.Според Ромите, десетина полицајци вечерта пред полноќ влегле во ресторанот и почнале да ги тепаат гостите со пендреци, тупаници и со клоци. Дел од нив биле однесени во полициска станица и таму биле тепани неколку часа. Штипјаните се жалеле дека воопшто не им била укажана лекарска помош, а кога заминале во болница, лекарите наводно одбиле да ги лекуваат кога дознале кој ги натепал. Ремизе Дурмишова дури се жалела дека, иако била во седмиот месец од бременоста, никој не сакал да ја прегледа. Дваесетина Роми наводно побарале лекарска помош таа вечер, но не добиле бидејќи не можеле да платат. Дел од тужителите изјавиле дека и во наредниот ден биле носени во полициска станица на испрашување, каде што биле брутално тепани. Полициската верзија за настанот е сосема поинаква од онаа на тужителите. Според оваа верзија, штипската полиција во критичната вечер добила известување дека четворица Роми, кои биле гости во ресторан, запреле автомобил и го истепале возачот. Тројца полицајци заминале на местото и откако тепаниот препознал еден од напаѓачите, полицијата го замолила да се тргне од групата и да влезе во полицискиот автомобил. Иако полицијата не ја предизвикала групата, 50 до 80 Роми почнале да фрлаат камења и шишиња кон полицајците. Еден од нив бил повреден, а оштетено било и полициското возило. Побарано било засилување, а откако пристигнала уште една полициска патрола, еден од нив истрелал два куршума во воздух за заплашување. Полицајците потоа во самоодбрана употребиле и пендреци, по што групата била разбиена. Дел од напаѓачите биле однесени во полициска станица на испрашување.За нив било утврдено дека се дел од групата, но според полицијата, воопшто не биле тепани. Според медицинските белешки од Медицинскиот центар во Штип, никој од приведените немал повреди. Од друга страна, пак, тројца полицајци биле прегледани и двајца од нив имале полесни повреди.Во врска со Дурмишова, полицијата тврдела дека таа била однесена во болница, каде што ја прегледале хирург и гинеколог, но тие не откриле повреди. Очевидец пак наводно рекол дека ја виделе Дурмишова како со шише удира полицаец по глава. Верзијата на полицијата е базирана на полициските белешки од 3 август до 11 септември 1998 година.

КРИВИЧНА И ЗА ТЕПАЧИТЕ И ЗА ПОЛИЦИЈАТА

По инцидентот, СВР Штип поднел кривична пријава против четворица, вклучувајќи и двајца од тужителите. По завршување на истрагата, обвинителот поднел обвинение за насилство против четворицата, меѓу кои и за Џеладинов и за Алилов. Тие биле осудени на шест, односно осум месеци затвор за насилство, а во 2000 година пресудата станала правосилна. Од друга страна, пак, и штипјаните поднеле кривична пријава за тортура против Министерството за внатрешни работи. Две години никој не им одговорил до каде е постапката и надлежните органи не презеле мерки за утврдување дали постои полициска бруталност. Токму ова е една од причините зошто Македонија го загубила спорот во Стразбур. Европскиот суд пресудил дека нема доволно докази дека има полициска бруталност, но утврдил дека немало соодветна истрага за да се утврдат околностите околу тоа. Петмината штипјани барале по 20.000 евра отштета за претрпена душевна болка и страв, но Судот им досуди по 3.000 евра. Барањето за задоволување на правдата било одбиено.
_______________________________________
Штипјани најмногу тужат во Стразбур

Пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур најмногу тужби против Македонија се поднесени од жители на Штип. Во текот на 2008 и лани биле донесени вкупно пет пресуди за дури деветмина штипјани и сите биле на штета на државата. Во моментов има уште најмалку четири тужби што се разгледуваат пред Европскиот суд за човекови права, а кои се поднесени од штипјани. Интересно е тоа што поголем број од тужбите ги застапува адвокатот Трајче Торов, кој има добиено најмногу случаи пред овој суд. Еден од поинтересните случаи беше оној на штипјанецот Златко Николов (58), кој бараше правда оти не добил отштета за умрената крава Цветка. Штипјанецот тврдеше дека кравата Цветка, која била осигурена, умрела во несреќен случај, но од компанијата не му исплатиле отштета. Европскиот суд не му досуди отштета, иако било утврдено дека е прекршена Конвенцијата за човекови права. Најголема отштета во Стразбур од тужителите во Штип има добиено Перушан Јашар, кому му беа досудени 12.000 евра отштета оти бил претепан од полицијата.

Дневник

Вести
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура.
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“
Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“.
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот  за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето  го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се  применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки.


Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните.
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците


ИНТЕРВЈУ
Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет


Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.

МЕДИУМИТЕ ЗА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2008

Електронски медиуми
А1 ТВ
АЛФА ТВ
АЛСАТ ТВ
КАНАЛ 5 ТВ
СИТЕЛ ТВ

Печатени медиуми
ДНЕВНИК
УТРИНСКИ ВЕСНИК
ВЕЧЕР
ВРЕМЕ

Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв.

ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год.

Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите.
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање.

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР
Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ.
СООПШТЕНИЈА
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1].

         


Aдреса: Ул. Даме Груев 8/5, П.ФАХ 58, 1000 СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   •   Тел/факс: ++ 389 (0)2 3119 073, ++ 389 (0)2 3290 469   •   E-mail:
helkom@mhc.org.mk