мк      en      sq
пребарај
СООПШТЕНИЕ
По повод случајот на осомничениот родител за полов напад врз своите три малолетни ќерки, објавен во медиумите на 25.08.2010

.......................................................

Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
11-17 Септември, 2010 год
Хотел „Белведере“ Охрид
АПЛИКАЦИЈА

.......................................................

Европски суд за човекови права
СТРАЗБУР
10 јуни 2010

Случај:
Томислав Спасовски против Република Македонија

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија.

.......................................................

На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата.
ПРОЕКТИ
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“
12-ти април, Дом на АРМ - Скопје
Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава.

.......................................................

ПРОЕКТ
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој
Прашалникот можете да го симнете ТУКА
Општо прифатени дефиниции за облици на дискриминација
Распоред
Агенда

.......................................................

Забелешки на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација
Изработени од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија
Забелешки на предлог - Закон за здруженија и фондации

.......................................................

Охрид, 12-19 Јануари 2010 година

Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран.

.......................................................


Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија

.......................................................

СООПШТЕНИЕ

20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата
Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето.
Анализа
ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

.......................................................

.......................................................

Извештај на Стејт департментот за човековите права
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области.

.......................................................

60 години од Универзалната декларација за човековите права
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права

Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година.
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал.
Амнести интернешенел за Македонија:
Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права.
Извештај "Граѓански засновани анализи"

Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата

пријави се за e-mail вести
e-mail адреса:
 

Непризнавањето на малцинствата е европски проблем

Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.

Господине Хамарберг, поводот за нашиот разговор е Вашиот извештај посветен на ситуацијата на малцинствата во Грција. Позицијата на Грција е дека не постојат малцинства на нејзина територија, освен муслиманското. Вашиот извештај, извештајот на американскиот Стејт депармент и оној на независниот експерт на ООН,  Мек Дугал, го тврдат спротивното: дека во Грција постојат и други малцинства. Дали ваквата позиција на Грција, како земја членка на Советот на Европа, е одржлива?

Факт е дека од европските земји Грција не е единствената, која не признава постоење на малцинства на своја територија, тука се и Турција, Франција... Позицијата на овие земји е дека ако официјално се признае постоењето на малцинство, тогаш се појавуваат ризици од дискриминација и нивно изложување на предрасуди од остатокот на населението. Значи нивната официјална позиција за негирање на постоењето на малцинство се правда со намерата да се заштити тоа малцинство од дискриминација. Затоа Советот на Европа ја донесе Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства, која дозволува да се избегнат кршењата на правата на малцинствата и нивната дискриминација.

Всушност, големата дилема е како да се дефинира едно малцинство, затоа е ставено правото на самоопределување, според кое малцинството самото се определува, за да се избегне ситуацијата на негативно сваќање на поимот на малцинство. Кога властите на една држава одбиваат да признаат некое малцинство, кое самото се определува како такво, тогаш е природно што остатокот од населението го гледа тоа малцинство негативно и на дискриминаторски начин. Фактот што му се одзема правото да се самоопредели и да создава здруженија, партии, може да се смета како сериозно кршење на правото.

Дали со правото на самоизјаснување на попис, на кој луѓето слободно би можеле да кажат како се чувствуваат, може да се реши проблемот со непризнавањето на нивното постоење?

Да, сметам дека комбинацијата на пописот со процесот на самоопределување е нешто позитивно затоа што  им дава можност на граѓаните да се изјаснат и да ја искажат нивната припадност кон една група.

Како последица, државата е принудена да признае дека постојат луѓе кои изразуваат желба да и’ припаѓаат на една малцинска група, а со тоа и правото да создаваат здруженија, да издаваат весници и да се собираат како група. Да, пописот може да биде корисен метод за да се идентификува постоењето на малцинство.

Сличен е и проблемот во Бугарија, која исто така не го признава постоењето на македонското малцинство. Може ли да се рече дека непризнавањето на македонското малцинство во Грција и Бугарија е регионален проблем и наследен од минатото?

Да, овој проблем има историска заднина во некои делови на Европа . Но, во модерна Европа, денес мора да се признае дека луѓето можат да имаат различни идентитети, дека тие можат истовремено да и’ припаѓаат на една малцинска група и истовремено да бидат лојални граѓани на државата и во однос на мнозинското насление. Луѓето имаат различни идентитети. Интересна последица од размислувањето за човековите права е дека малцинствата би требало да бидат признати доколку сакаат да бидат признати.

Непризнавањето на македонското малцинство од две земји, во кои има лица кои самите се изјаснуваат како Македонци, дали тоа всушност е регионален проблем?

Да, тоа е регионален проблем, но тоа исто така е и европски проблем, всушност тоа е општ проблем. Овие проблеми доаѓаат пред Судот за човекови права во Стразбур, но проблемот е во тоа што пресудите не се почитуваат во целост ниту во Грција, ниту во Бугарија. Се надевам дека ќе продолжат дискусиите и дијалогот по ова прашање, а нашите извештаи ќе придонесат да се подобри нивната ситуација, како и дискусијата - секогаш во рамките на почитувањето на човековите и малцинските права.

Господине Комесар, Вие веќе зборувавте за нецелосното почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, кога станува збор за пресуди што се однесуваат на македонското малцинство. Грција и Бугарија ја исплаќаат оштетата, но за индивидуалните мерки како нивната регистрација ништо не е направено. Дали Советот на Европа и меѓународната заедница располагаат со средства за да ги принудат овие земји да ги исполнат нивните обврски?

Во системот на Конвенцијата за човекови права се подразбира дека државите членки треба да ги почитуваат и спроведат одлуките на Европскиот суд за човекови права што е можно побрзо и на најдобар начин. Тоа е општата одредба на конвенцијата. Но, постои и специјална процедура која се спроведува за да се осигура дека ќе се случи такво нешто.

Таа процедура подразбира дека Комитетот на министрите, постојано следи дали државите ги исполнуваат пресудите. Во рамките на Комитетот работи еден посебен секретаријат, кој ги подготвува дискусиите. Министрите во Комитетот одлучуваат за тоа дали пресудите се спроведуваат или не и тие се занимаваат и со двата случаи за кои зборуваме.

ОМО Илинден-Пирин, девет години по создавањето како политичка партија се’ уште не може да учествува во политичкиот живот на Бугарија - и покрај неколкуте пресуди во негова корист, донесени од Европскиот суд за правата на човекот. Што мислите, дали може да се зголеми притисокот врз Бугарија за да ја регистрира оваа политичка партија, што се залага за почитување на правата на македонското малцинство во Бугарија?

Овој предмет беше пред Судот во Стразбур, во моментов се’ уште се водат дискусии во Комитетот на министрите. Не знам точно до каде се дискуиите, но се надевам дека  Бугарија целосно ќе ја спроведе оваа пресуда.

Бугарија ја ратификува Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства, но таа не се однесува на македонското малцинство. Можно ли е да се прошири нејзината важност, така што ќе го опфати и македонското малцинство во оваа земја? И воопшто, дали може лесно да се измени Конвенцијата, со што на владите нема да им се дозволи самите да одлучуваат кои малцински групи ќе бидат признати како национално малцинство?

Не, се разбира дека не е лесно да се измени Конвенцијата. Како што беше усвоена, таа им дозволува на владите да одлучат кои малцинства ги признаваат или не ги признаваат.

Сметам дека треба да се концентрираме на фактите и да се надеваме дека ќе најдеме добро решение за овој проблем, за кој зборувате. Се надевам дека јас или моето биро ќе имаме можност да водиме разговори со бугарските власти за да видиме што може да се направи конкретно за овој случај во духот на човековите права.

Господине Хамарберг, можеме ли да бидеме задоволни од начинот на кој се почитуваат правата на националните малцинства во Европа?

Мислам дека остануваат уште многу големи проблеми, иако е многу и направено. Нашето биро работи многу на ситуацијата и правата на ромското население, за нивните малцински права да се почитуваат ефективно во секојдневието, во реалноста. Ние сме загрижени и за односот кон мигрантите, барателите на азил и бегалците, кои доаѓаат во Европа од различни страни на светот. Европа за жал не е совршена и останува уште многу да се направи. Иако има напредок, но претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со тоа дека човековите права целосно се почитуваат во Европа.

Вести
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура.
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“
Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“.
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот  за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето  го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се  применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки.


Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните.
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците


ИНТЕРВЈУ
Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет


Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.

МЕДИУМИТЕ ЗА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2008

Електронски медиуми
А1 ТВ
АЛФА ТВ
АЛСАТ ТВ
КАНАЛ 5 ТВ
СИТЕЛ ТВ

Печатени медиуми
ДНЕВНИК
УТРИНСКИ ВЕСНИК
ВЕЧЕР
ВРЕМЕ

Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв.

ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год.

Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите.
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање.

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР
Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ.
СООПШТЕНИЈА
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1].

         


Aдреса: Ул. Даме Груев 8/5, П.ФАХ 58, 1000 СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   •   Тел/факс: ++ 389 (0)2 3119 073, ++ 389 (0)2 3290 469   •   E-mail:
helkom@mhc.org.mk