мк      en      sq
пребарај
СООПШТЕНИЕ
По повод случајот на осомничениот родител за полов напад врз своите три малолетни ќерки, објавен во медиумите на 25.08.2010

.......................................................

Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
11-17 Септември, 2010 год
Хотел „Белведере“ Охрид
АПЛИКАЦИЈА

.......................................................

Европски суд за човекови права
СТРАЗБУР
10 јуни 2010

Случај:
Томислав Спасовски против Република Македонија

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија.

.......................................................

На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата.
ПРОЕКТИ
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“
12-ти април, Дом на АРМ - Скопје
Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава.

.......................................................

ПРОЕКТ
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој
Прашалникот можете да го симнете ТУКА
Општо прифатени дефиниции за облици на дискриминација
Распоред
Агенда

.......................................................

Забелешки на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација
Изработени од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија
Забелешки на предлог - Закон за здруженија и фондации

.......................................................

Охрид, 12-19 Јануари 2010 година

Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран.

.......................................................


Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија

.......................................................

СООПШТЕНИЕ

20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата
Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето.
Анализа
ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

.......................................................

.......................................................

Извештај на Стејт департментот за човековите права
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области.

.......................................................

60 години од Универзалната декларација за човековите права
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права

Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година.
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал.
Амнести интернешенел за Македонија:
Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права.
Извештај "Граѓански засновани анализи"

Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата

пријави се за e-mail вести
e-mail адреса:
 
Линкови

Меѓународна хелсиншка федерација (IHF)
www.ihf-hr.org
IHF е уникатна заедница од 44 невладини организации од 39 земји од регионот на ОБСЕ, кои работат на меѓународно ниво со единствена цел, почитување на стандардите за човекови права...
Земји членки

Амнести интернешнал (AI)
www.amnesty.org 
Амнести интернешнал е светско движење кое работи на промоција на меѓународно признатите човекови права. Во остварување на својoт мандат AI спроведува истражувања и превзема акции кои се насочени кон превенција и спречување на сериозни повреди на правата на физички и ментален интегритет, слободата на вероисповест, изразување, слобода од дискриминација во контекст на остварување на сите човекови права и слободи...

Совет на европа (COE)
www.coe.int
COE е меѓувладина организација чија цел е:
- заштита на човековите права, плуралистичка демократија и владеење на правото
- подигање на свеста и охрабрување на развојот на европскиот културен идентитет и различност
- барање решенија за проблемите со кои се соочува европското друштво (дискриминација на малцинствата, ксенофобија, нетолеранција, заштита на животната средина, клонирање, сида, дрога, организиран криминал и сл.)
- консолидирање на демократската стабилност во Европа преку пружање помош за остварување на политичките, правни и уставни реформи...

Европски суд за човекови права (ECHR)
www.echr.coe.int
Согласно Конвенцијата, жалба може да биде поднесена против држава потписник на истата и тоа од страна на држава или индивидуа (индивидуи, групи на индивидуи или невладини организации). Признавање на правото на индивидуална апликација (жалба) може да се поднесе доколку земјата која е предмет на жалбата е потписник на Конвенцијата...

Дански институт за човекови права (DIHR)
www.humanrights.dk
Цел на Институтот е подршка во полето на промоција на човековите права на национално, регионално и меѓународно ниво. Работата на Инсититутот вклучува, истражувања, информации, образование и документирање во поглед на данската, европската и меѓународната состојба со човековите права...

Европска унија (EU)
www.europa.eu.int
EU е базирана на владеење на правото и демократијата. EU не претставува ниту нова држава, ниту заменува некоја постоечка, ниту пак претставува меѓународна организација. Членките на EU делегираат дел од својот суверенитет на заеднички институции кои ги претставуваат заедничките интереси на Унијата. Сите одлуки и процедури произлегуваат од основните документи ратификувани од земјите членки...

Организација за безбедност и соработка во Европа (OSCE)
www.osce.org
OSCE е најголемата регионална организација за безбедност во светот со вкупно 55 земји членки од Европа, централна Азија и северна Америка. Делокругот на нејзина активност вклучува, рано предупредување, превенција на конфликти, управување со кризи и пост-конфликтна рахабилитација...

Европски центар за правата на Ромите (ERRC)
www.errc.org
ERRC е меѓународна организација која врши набљудување на ситуацијата со човековите права на Ромите, обезбедува правана заштита во случаи на нивно прекршување...

Обединети нации (UN)
www.un.org
Преку напорите на UN, државите имаат склучено многу мултилатерални договори кои го прават светот посигурен, поздрав, со поголеми можности и правда за сите. Целокупното меѓународно право, вклучувајќи ја и правната рамка за заштита на човековите права е едно од најголемите достигнувања на UN...

Висок комесар за човекови права на Обединетите нации (UNHCHR)
www.unhchr.ch
Мандатот на UNHCHR произлегува од членовите 1, 13 и 55 од Повелбата на Обединетите нации, од Виенската декларација и програма за акција и резолуцијата на Генералното собрание на UN бр.48.141 од 20 декември 1993. Во континуитет со реформската програма на UN (А/51/950, пара.79), Кацеларијата на високиот комесар за човекови права и Центарот за човекови права беа консолидирани во една канцеларија на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации на 15 септември 1997...

Агенција за бегалци на Обединетите нации (UNHCR)
www.unhcr.ch
Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци е основана на 14 декември 1950 на Генералното собрание на Обединетите нации. Главна мисија на агенцијата е координација на меѓународните активности во заштита на правата на бегалците и решавање на бегалските проблеми. Основни задачи во тој контекст се заштита на правата на бегалците, обезбедување секој да може да бара азил, доброволно да се врати во својата земја, да биде раселен на друго место, или локално да се интегрира (во земјата домаќин)...

Развојна програма на Обединетите нации (UNDP)
www.undp.org
На Милениумскиот самит на Обединетите нации, лидерите на државите го поставија развојот, како основа на глобалната агенда на делување преку усвојувањето на Милиениумските цели за развој. Со тоа истовремено поставија и јасни цели за намалување на сиромаштијата, гладот, болестите, неписменоста, уништувањето на животната средина и дискриминацијата на жените до 2015 година. Во 166 земји, UNDP постави своја глобална мрежа за подршка на системот на UN и на неговите партнери преку подигање на свеста и следење на развојот како и поврзување на земјите преку знаења и средства за постигнување на овие цели...

Детски фонд на Обединетите нации (UNICEF)
www.unicef.org
Основан од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 1946 како помош после Втората светска војна во Европа. Во почетоткот UNICEF беше познато како Меѓународен ургентен детски фонд на Обединетите нации. Во 1953 UNICEF станува постојан дел на системот на Обединетите нации со цел да помогне на децата кои живеат во сиромаштво во земјите во развој. Името на оваа организација Детски фонд на Обединетите нации е скратено и до ден денешен познато е како UNICEF...

Образовна, научна и културна организација на Обединетите нации (UNESCO)
www.unesco.org
Основната улога на UNESCO е да допринесе за мир и безбедност во светот преку промоција на соработката помеѓу нациите преку образованието, науката, културата и комуникациите. Цел на оваа организација е продлабочување на универзалното почитување на правдата, владеењето на правото, човековите права и основни слободи, без дискриминација врз основа на раса, сексуална определба, јазик или религија, а прокламирани од народите во светот преку Повелбата на Обединетите нации...

Светска здравствена организација (WHO)
www.who.int
WHO е основана на 7 Април 1948 и претставува специјализирана агенција за здравство на Обединетите нации. Основните цели, поставени во нејзиниот Устав се насочени кон постигнување на највисоко можно ниво на здравје. Здравјето онака како што е дефинирано во Уставот на организацијата претставува комплетна физичка, ментална и социјална добросостојба, а не само непостоење на болести...

Меѓународна организација на трудот (ILO)
www.ilo.org
Преку конвенции и препораки, ILO ги формулира меѓународните стандарди на трудот поставувајќи ги минималните стандарди за основните права од и за работа: слободата на здружување, правото да се организират работниците, колективно спогодување, укинување на присилната работа, еднаквост на можности и третман и други стандарди кои го регулираат целокупното поле на работни односи...

Меѓународен монетарен фонд (IMF)
www.imf.org
IMF е меѓународна организација составен од 184 земји членки. Основана е со цел да ја промовира меѓународната монетарна соработка, економска стабилност, да ја помага меѓународната трговија, да дава подршка во јакнење на економската моќ и зголемување на вработеноста, да овозможува привремена економска помош на земјите за олеснување на балансот на плаќањата, намалување на сиромаштијата...

Светска банка
www.worldbank.org
Светската банка е една од најголемите извори на обезбедување помош за развој. Нејзината примарната активност е фокусирана на давање помош на најсиромашните народи и земји. Оваа веб страна покажува како светската банка ги користи финанските извори, нејзиниот високо квалификуван кадар и како го користи знаењето при давање помош на земјите во развој во нивнит пат за градење на стабилен, самоиздржлив и рамномерен економски развој...

Библиотека на Обединетите Нации
Dag Hammarskjold Library: http://www.un.org/Depts/dhl/
email: unreference@un.org
Овој линк ве води до официјалната страна на Библиотеката на Обединетите Нации, посветена на еден од поранешните Генерални Секретари на Обединетите Нации кој загина во авионска несреќа на пат за Конго на 17 септември 1961 заедно со седум други службеници на Обединетите Нации и персоналот на авионот.

Делот за официјални документи на Обединетите Нации – Official Documents Section of the UN Library
http://documents.un.org
Овој линк ве води до официјалната страна на Библиотеката на Ова е линк до Official Documents Section на Библиотеката на Обединетите Нации и на него можете преку алатка за пребарување да ги најдете некои од документите кои ви се потребни во вашето истражување.

Делот UBIS net на Библиотеката на ОН – UBIS net section of the UN Library
http://unbisnet.un.org/
Ова исто така е линк за пребарување на официјални документи и говори одржани во Обединетите Нации, а воедно и за пребарување на записниците за гласање за различни документи како што се резолуции на Генералното Собрание и Советот за Безбедност на Обединетите Нации.

Treaty Body Database – База на податоци за договорите
http://www.unhchr.ch/tbs/doc.nsf
Ова е линк за базата на податоци за Меѓународните договори за човекови права во рамките на Обединетите Нации каде можете да ги најдете извештаите на државите, заклучоците на комитетите, датите кога треба да се поднесуваат извештаите на државите и други корисни информации.

Пакт за граѓански и политички права при ОН
http://www.hrweb.org/legal/cpr.html
http://www.unhchr.ch/html/menu3/b/a_opt.htm
http://www.unhchr.ch/html/menu3/b/a_opt2.htm
Ова е линк до Пактот за граѓански и политички права донесен во рамките на Обединетите Нации, усвоена со Резолуција 2200A (XXI) на 16 декември 1966 на Генералното собрание на ОН, стапена на сила на 23 март 1976 и за Опционите протоколи кон Пактот.

Пакт за економски, социјални и културни права при ОН
http://www.unhchr.ch/html/menu3/b/a_cescr.htm
Ова е линк до Пактот за економски, социјални и културни права донесен во рамките на Обединетите Нации, усвоена со Резолуција 2200A (XXI) на 16 декември 1966 на Генералното собрание на ОН, стапена на сила на 3 јануари 1976

Конвенција против тортура
http://www.unhchr.ch/html/menu3/b/h_cat39.htm
Ова е линк до Конвенцијата против тортура и друг суров, нехуман и понижувачки третман или казна усвоена со Резолуција на Генералното собрание 39/46 од 10 декември 1984, влезена во сила на 26 јуни 1987.

Конвенција за правата на детето
http://www.unhchr.ch/html/menu3/b/k2crc.htm
http://www.unhchr.ch/html/menu2/6/protocolchild.htm
http://www.unhchr.ch/html/menu2/dopchild.htm
Конвенција за правата на детето, усвоено од страна на Генералното собрание со Резолуција 44/22 од 20 ноември 1989, а стапено на сила на 2 септември 1990. Воедно тука можете и да ги најдете линковите за Првиот опционен протокол за вклученост на децата во вооружени конфликти и Вториот опционен протокол за продажбата на деца, детската проституција и детската порнографија, усвоени со Резолуција на Генерално собрание A/RES/54/263 од 25 мај 2000, стапени на сила на 12 февруари 2002 и 18 јануари 2002 соодветно.

Конвенција за политичките права на жената
http://www.unhchr.ch/html/menu3/b/22.htm
Конвенција за политичките права на жената, усвоена со Резолуција 640 (VII) на Генералното собрание од 20 декември 1952, стапена на сила на 7 јули 1954.

Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација против жената
http://www.unhchr.ch/html/menu3/b/e1cedaw.htm
Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација против жената, усвоена од страна на Генерално собрание со Резолуција 34/180 од 18 декември 1979, стапена на сила 3 септември 1981.

Конвенција за спречување и казнување на геноцид
http://www.unhchr.ch/html/menu3/b/p_genoci.htm
Конвенција за спречување и казнување на геноцид, усвоена од страна на Генералното собрание со резолуција 260 А (III) од 9 декември 1948, стапена на сила 12 јануари 1951.

Меѓународни инструменти за човековите права
http://www.unhchr.ch/html/intlinst.htm
На следниот линк можете да ги најдете линковите до преостанатите конвенции во рамките на системот на Обединетите нации кои се однесуваат на човековите права.

Вести
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура.
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“
Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“.
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот  за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето  го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се  применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки.


Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните.
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците


ИНТЕРВЈУ
Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет


Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.

МЕДИУМИТЕ ЗА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2008

Електронски медиуми
А1 ТВ
АЛФА ТВ
АЛСАТ ТВ
КАНАЛ 5 ТВ
СИТЕЛ ТВ

Печатени медиуми
ДНЕВНИК
УТРИНСКИ ВЕСНИК
ВЕЧЕР
ВРЕМЕ

Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв.

ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год.

Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите.
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање.

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР
Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ.
СООПШТЕНИЈА
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1].

         


Aдреса: Ул. Даме Груев 8/5, П.ФАХ 58, 1000 СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   •   Тел/факс: ++ 389 (0)2 3119 073, ++ 389 (0)2 3290 469   •   E-mail:
helkom@mhc.org.mk